Казна за доцнење - стоење на раце: 9 бизарни правила од училиштата ширум светот

На учениците во Македонија професорите им ги прегледуваат тестовите со црвено мастило, но дали сте знаеле дека ова е забрането во некои училишта во светот поради тоа што оваа боја внесува страв и притисок?

kazna-za-docnenje-stoenje-na-race-9-bizarni-pravila-od-uchlishtata-shirum-svetot-01.jpg

Правилата во училиштата се неопходни за да воспостават здрава околина во која секој ученик ќе може да расте и да се надградува. Но некои од правилата тешко може да се задоволат и се предмет за дискусија помеѓу менаџментот, професорите, родителите и психолозите.

Во некои училишта во Македонија има правила од типот дека не смее да се носат долги лакирани нокти и прекуси здолништа кај девојчињата или премногу спуштени панталони кај момчињата и сето тоа е во ред, но во некои училишта ширум светот постојат навистина необични и контроверзни правила за однесување и начини на казнување.

Од Кина до Америка, еве дел од овие бизарни правила:

Клечење на замрзнат грашок

Ученик во Кина објави фотографија од своите колена откако бил казнет од училиштето и присилен да седи потпрен на колената на замрзнат грашок.

Некои луѓе тврдат дека ова е редовна практика на казнување кај родителите и професорите во Азија.

kazna-za-docnenje-stoenje-na-race-9-bizarni-pravila-od-uchlishtata-shirum-svetot-03.jpeg

Најдобри пријатели

Училишта во Англија започнаа да им забрануваат на учениците да имаат најдобри пријатели. Некои родители, учители и психолози тврдат дека децата подобро се прилагодуваат и се развиваат во животот ако имаат поголема група на пријатели.

Критичарите на ова велат дека најдобрите пријатели се вредност за цел живот, а и истражувањата покажуваат дека луѓето што имаат најдобар пријател имаат подобро ментално здравје.

kazna-za-docnenje-stoenje-na-race-9-bizarni-pravila-od-uchlishtata-shirum-svetot-05.jpg

Време за дремка

На учениците во Кина им е дозволено 30-минутна дремка среде училишниот ден. Професорите веруваат дека дремката ја подобрува меморијата и им дава енергија на учениците за понатамошно учење.

Учениците од основно училиште може да спијат на клупите и да си донесат перници и ќебиња, а постарите смеат да спијат во седечка позиција, што често предизвикува неправилен развој на мускулите и проблеми со ‘рбетот.

Бојадисување на косата

Дури 57% од државните училишта во во Токио им забрануваат на учениците да ја бојадисуваат косата и бараат доказ дека тоа е природната коса на ученикот. За да спречат лажење, професорите понекогаш се јавуваат кај родителите и бараат фотографии од ученикот од детството.

Ова се должи на форсирањето на униформност во јапонската култура, па многумина од страна ги критикуваат нивните правила од овој тип.

kazna-za-docnenje-stoenje-na-race-9-bizarni-pravila-od-uchlishtata-shirum-svetot-04.jpg

Забрана за зборови како „сиромаштија“, „родендени“ и уште 48 други

Одговорните за образование во Њујорк забранија користење на одредени зборови во тестовите.

Учениците што се Јеховини сведоци може да не се чувствуваат пријатно да заборуваат за родендени, затоа што тие не ги слават и затоа овој збор е забранет. Зборовите како „развод“, „болест“ и „сиромаштија“, исто така не се споменуваат затоа што може да вратат болни спомени од детството на ученикот поврзани со некоја семејна ситуација.

Црвено мастило

Сигурно и вам во детството професорите ви ги оценуваа писмените задачи и тестовите со црвено мастило и оваа боја ви посочуваше на грешките што сте ги направиле.

Црвената боја е забранета во некои училишта во Австралија и Велика Британија бидејќи некои експерти тврдат дека таа психолошки ги повредува децата и ги демотивира внесувајќи им страв и притисок.

Зелената, розовата, жолтата, виолетовата и сината се порелаксирачки и прегледувањето со нив не е толку заканувачко за децата.

kazna-za-docnenje-stoenje-na-race-9-bizarni-pravila-od-uchlishtata-shirum-svetot-06.jpg

Кревање раце

Години старата практика учениците да креваат раце за да одговорат на некое прашање, според едно училиште во Нотингемшир во Англија е бескорисна и забранета. Директорот на училиштето вели дека постојано едни исти деца креваат раце, па ова не е охрабрувачки за другите. Сега професорот сам бира кој ќе му одговори на прашањето.

Некои родители тврдат дека ова ги прави нивните деца нервозни и исплашени  бидејќи може да бидат избрани кога не го знаат одговорот и да ја изгубат можност да одговорат кога го знаат.

Стоење на раце

Азија е позната по тоа што е строга со своите ученици и им дава невообичаени казни. Една од нив е студентите да прават стоење на раце ако доцнат или разговараат за време на час.

Листата, исто така, вклучува склекови, трчање или држење на рацете во воздух. Ова оди во крајност, па ученикот може да добие дури и шлаканица од професорот.

kazna-za-docnenje-stoenje-na-race-9-bizarni-pravila-od-uchlishtata-shirum-svetot-07.jpg

Ограничено време за во тоалет

Училиште во Чикаго го ограничува бројот на дозволени излегувања од час за во тоалет и тоа на 3 во полугодие.

Директорот им објаснил на родителите дека ова правило е донесено за учениците да не го користат изговорот дека сакаат да одат во тоалет само за да го напуштат часот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Исчезнала, па ја нашле мртва во подрумот – Кој ја убил Џо Бенет Ремзи, 6-годишна ѕвезда на натпревар... Во 1996-та, 6-годишната Џо Бенет Ремзи отишла да спие. Но, во 5 наутро девојчето...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg