11 начини да го „измамите“ телото за да си помогнете во непријатни ситуации

Поспаност, гадење, силна главобока – сите овие работи и уште многу други ни предизвикуваат непријатно чувство од кое сакаме веднаш да се ослободиме.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-01.jpg

Често мислиме дека тоа е невозможно или пак правиме нешто со што уште повеќе ја влошуваме ситуацијата.

За наша среќа, науниците со тек на време со истражување на телото, откриле неколку трикови кои ќе ни помогнат да се справиме со овиее изненадни ситуации.

Погледнете дел од нив кои со сигурност ќе ви бидат од корист:

1. Ако после алкохол, собата ви се врти, ставете ги дланката и стапалото на рамна површина

Алкохолот ја разредува крвта во делот од увото кој е одговорен за центарот за рамнотежа, па мозокот губи рамнотежа и просторот околу почнува да се врти.

Па затоа, кога ќе ја ставите раката или ногата на рамна површина како маса, полица или под, мозокот добива нова почетна точка и мрдањето на просторот престанува.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-02.jpg

2. Кашлање за намалување на болка

Кога нешто ве боли или мислите дека заради некоја постапка нешто ќе ве заболи и се плашите, почнете малку да кашлате. Кашлањето го зголемува притисокот во градите и спречува нервна спроводливост, а ова помага во намалувањето болка.

Постои и некое истражување кое покажало дека пцовките исто така помагаат за намалување на болка, но секако, тоа не е препорачливо да го пробате пред луѓе, односно доктори.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-03.jpg

3. Ако не слушате добро додека зборувате, ставете го телефонот на десното уво

Левата хемисфера од мозокот е задолжена за дешифрирање на слушнатите информации, а десната е таа која разликува тонови на звук. Затоа, десното уво побрзо ги препознава информациите.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-04.jpg

4. Ако не сакате да кивнете, притиснете го со прст делот под носот

Не го покривајте целосно носот и устата бидејќи така ќе направите голем притисок и може да се повредите. Стиснете со прстот на делот под носот или протријте на горниот дел на носот неколку секунди. Ова влијае врз нервите поврзани со процесот на кивање.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-05.jpg

5. За да спречите ненадејна поспаност, задржете го воздухот неколку секунди

Вежбите за дишење помагаат да се ослободите од замор и поспаност. Вдишете длабоко и задржете го воздухот 10 секунди, а потоа полека издишете. Благодарение на ова, отчукувањето на срцето ќе се зголеми и ќе ве расони веднаш.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-06.jpg

6. Ако не сте добро расположени, гризнете молив со забите

Уште една чудна вежба која има позитивен ефект. Ова ќе ви помогне да ги активирате мускулите кои ги користиме кога се смееме, а со тоа ќе го измамите мозокот и расположението ќе ви се подигне.

12-nachini-da-go-izmamite-teloto-za-da-si-pomognete-vo-neprijatni-situacii-07.jpg

Уште 5 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Ситуации од секојдневието што ни се познати на сите, низ забавни илустрации Два часа бараме филм за гледање, за да се успиеме пет минути откако ќе го пуштим...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот Како брзо да ги избелите забите или да го освежите здивот? Овие корисни трикови ...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg