„Оваа болка ме научи добра лекција“: 20 работи што треба да ги кажувате повеќе во 2018

Јасно и гласно кажете си дека заслужувате среќа и дека нема потреба да глумите совршенство.

ovaa-bolka-me-nauchi-dobra-lekcija-20-raboti-shto-treba-da-gi-kazuvate-povekje-vo-2018-01.jpg

Колку и да ви е тешко да поверувате, но 2018-та е на прагот. Време е да размислите за својот живот и да донесете одлука како ќе го направите подобар во годината што доаѓа.

Најлесен начин е преку комуникацијата со себеси и со другите.

Некои работи мора да започнете да ги кажувате почесто во 2018:

- „Жал ми е, моја вина беше.“

- „Јас не сум одговорен за ужасното однесување на таа личност.“

- „Врската не ми го разубавува животот, па затоа избирам да ѝ ставам крај.“

- „Да, те молам.“

- „Не, благодарам.“

- „Овој период е тежок, но што можам да научам од него?“

- „Оваа убава фаза е привремена, како да уживам во неа максимално?“

- „Никој не може да ми каже кој сум, освен јас.“

- „Ми ги повредуваш чувствата.“

- „Среќен сум што пронајде среќа, дури и без мене.“

- „Заслужувам да пронајдам среќа, дури и без тебе.“

- „Дали минувам доволно време во негување на себеси?“

- „Изгледам прекрасно денес.“

- „Многу сум паметен, но имам уште многу работи да научам.“

- „Оваа болка ме научи добра лекција.“

- „Ова е премногу за мене во моментов. Во ред е да побарам помош.“

- „Немам потреба да глумам совршенство.“

- „Сè што треба да носам со себе од минатото се добрите спомени и научените лекции.“

- „Мојот живот е прекраток за да чекам некој да ме засака.“

- „Не го правам ова затоа што морам, го правам затоа што сакам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg