9 причини зошто мајката ви е најдобар пријател за цел живот

Ве видела во секое издание, за вас знае апсолутно сè и без разлика на грешките што ги правите неизмерно ве сака.

9-prichini-zoshto-majkata-e-najdobar-prijatel-za-cel-zivot-01.jpg

Таа е личност која од првиот ден на вашето постоење без задршка вложува во вас и вашата среќа.

Ви приготвува вкусни оброци, бдее над вас кога сте болни и ве поддржува дури и кога ќе ја направите најголемата глупост во животот.

Мајка ви дефинитивно ќе ви биде најдобар пријател за цел живот поради низа причини:

1. Секогаш ве брани. Од ваша страна е и ве брани без разлика дали тоа беше пред професорката за вашето „уметничко дело“ во петто одделение или денес кога се враќате истоштени дома поради напорниот работен ден и кавгите со шефот.

2. Се грижи за вашиот изглед дури повеќе од што се грижите вие самите. Таа знае најдобро, па без влакна на јазикот ќе ви каже дека новата фризура ви е ужасна.

3. Таа видела апсолутно сè. Срамните мигови, вашите пијани приказни и трагични раскинувања, таа дефинитивно ве знае комплетно.

4. Секогаш ќе ви биде една од најзабавните личности за дружба. Кога ќе испие некоја чаша вино плус, па ќе почне со откривање на семејните тајни и лудориите од младоста, навистина знае да ве насмее.

5. Прави да се чувствувате специјални. Таа ви вели дека сте принц/принцеза уште од градинка и знае да ве изненади со вашето омилено јадење.

6. Трпеливо ги слуша вашите проблеми. Таа е неверојатно трпелива и дури и кога и говорите за некои банални проблеми заинтересирано ве слуша.

7. Со вас е секогаш кога ќе направите нешто глупаво. Таа е првата личност на која и се јавувате кога имате итен случај.

8. Се грижи што правите со вашиот живот. Иако понекогаш знае да биде здодевна, таа од дното на срцето ви посакува само добро и има големи сништа за вас.

9. Ги наследивте половина гени од неа. Таа е горда што има директно влијание врз вашата прекрасна личност и успеси и, иако се шегувате дека знае да биде напорна, вие едноставно ја обожавате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg