4 типови на луѓе родени во декември: По што се посебни?

Не е сеедно дали роденденот е на почетокот, во средината, или, пак, при крајот на дванаесеттиот месец. Секоја група има свои карактеристики по кои се разликува од другите.

4-tipovi-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-po-shto-se-posebni-1.png

Декември. За едни е најстудениот месец во годината. Другите, пак, го доживуваат како највеселиот, затоа што е полн со зимска магија.

Личностите кои дошле на свет во дванесеттиот месец, родени се во знакот на Стрелец или Јарец. Според направените истражувања, тие се многу помирни и дисциплинирани во детството.

4-tipovi-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-po-shto-se-posebni-5.jpg

Нивниот камен е тиркизот, кој се смета за еден од најстарите камења во историјата. Познат е и како симбол на мудроста и заштитата, а согласно бројните верувања, тој носи моќ и среќа. Цветот на декемвриските деца, пак, претставува нарцисот.

Но, знавте ли дека личностите кои се родени во декември може да се поделат во четири групи? Не е сеедно дали роденденот им е на почеток, во средината, или, пак, при крај на дванаесеттиот месец.

4-tipovi-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-po-shto-se-posebni-4.jpg

Прочитајте кои се главните карактеристики за секоја од четирите групи:

01.12 – 08.12

Нив ништо не може да ги скрши, бидејќи се отпорни на несреќата. Столбовите на нивниот живот ги сочинуваат доследноста и стабилноста. На прв поглед, оставаат впечаток и дека се малку арогантни, но во суштина се полни со здрава самодоверба. Заради тоа, емотивно послабите луѓе неретко ги доживуваат како надмени. Имаат изразена сила на волјата, а ги одликува храброста. Дружељубиви се и сакаат да бидат опкружени со луѓе.

09.12 – 15.12

Доколку ви треба некој за конструктивен разговор или рамо за плачење, личностите родени во ова раздобје сигурно ќе ви помогнат. Тие се мајстори во давањето паметни совети. Силни се и без потешкотии се снаоѓаат кога ќе наидат на некаква животна препрека. Снаодливи се во решавањето на проблемите, како своите, така и туѓите. Одлучни се и посветени на остварувањето на сопствените цели.

4-tipovi-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-po-shto-se-posebni-2.jpeg

16.12 – 22.12

Овие личности се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуалци кои веруваат во слободата, па животот го живеат според сопствените правила. Не се оптоваруваат со мислењата на другите луѓе. Прилично се длабокоумни и одлично се снаоѓаат во работите што од нив бараат добра концентрација. Имаат развиена смисла за мода, а со своите разиграни комбинации, привлекуваат внимание каде и да се појават.

23.12 – 31.12

Не се обидувајте да најдете пооптимистични личности, од тие кои се родени во последната седмица декември. Изразито се друштвени и емотивни души, а таквата комбинација резултира со голема посветеност на семејството и пријателите. Кога е во прашање пријателството, тие се мошне пребирливи. Не ги пуштаат така лесно новите луѓе во својот мал близок круг. Но, кога ќе го направат тоа, значи дека целосно сте ја стекнале нивната доверба. Креативни се и полни со оригинални идеи, а посебно ги обожаваат патувањата.

4-tipovi-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-po-shto-se-posebni-3.jpg

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Луѓе кои ни ја разбиваат монотоноста во животот (и сите сме ги сретнале) Луѓе кои лажат и мислат дека им веруваме, но и луѓе кои „паѓаат“ на сите пирамид...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
12 знаци дека сте многу позрела личност отколку што мислите Им покажувате емпатија на другите наместо да ги осудувате и кажувате „не“ без чу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg