8 необични трендови за храна коишто ќе бидат популарни во 2018

Ако сте гурман и во тек со најновите трендови, тогаш со сигурност ќе сакате да дознаете што ќе се најде во нашите чинии во текот на претстојната 2018 година.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01.jpg

Гастрономијата полека почнува да се преобразува во еден вид нова модна индустрија. И тука се истакнуваат новитети и трендови.

Каква необична храна можеме да очекуваме во 2018 година? Ова се 8-те интересни видови храна кои ќе бидат популарни следната година:

Торби со вино за еден

Овој тренд се поврзува со желбата да се води здрав живот. Како што расте бројот на луѓе коишто живеат сами, така расте и потребата за купување алкохол за еден.

Наместо да купите цело шише само за вас, во 2018 ќе купите торбичка со вино за еден. Овие торбички од доза за еден човек се одлични за оние коишто сакаат да водат правилен начин на живот.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (1).jpg

Вкусни вегетаријански бургери

Како што расте бројот на вегетаријанци и вегани, така расте и изборот на квалитетна веганска храна. Бургерите без месо се повкусни и посочни од кога било.

За да направат овие бургери да имаат вкус што поблиску до оригиналот, некои произведувачи дури им додаваат и сок од цвекло за да биде плескавицата „крвава“.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (4).jpg

Здрав леб во боја

Многу луѓе го исклучуваат глутенот и диетите со многу јаглехидрати од исхраната.

Компаниите се трудат да го направат лебот попривлечен за консументите, како на пример Маркс и Спенсер, коишто ќе почнат да произведуваат високо протеински, ниско јаглехидратен леб во неколку бои, вклучувајќи леб со боја на цвекло, краставица и црвена пиперка.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (2).jpg

Кафе од печурки

Кафето од печурки содржи арабика кафе и се вели дека може да ви ја покачи енергијата без да ве направи нервозни. Се верува дека ова ќе биде хит во 2018. Дали сте за лате од печурки?

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (5).jpg

Слатко-кисело супер-овошје

Конзервираниот дуриан можеби веќе ќе го имаме на полиците во 2018. Ова овошје потекнува од Јужна Америка и има многу необичен вкус.

Кога е свежо има сладок и свеж вкус, а кога ќе се зготви има вкус на динстувано свинско месо. Би го пробале ли?

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (8).jpg

Чорба од тиква

Нема ништо толку добро како чинија топла чорба во ладно зимско утро. Но, сте пробале ли чорба од тиква?

Доколку водите здрав живот треба да знаете дека засладувачите и благите додатоци не се во мода, а интензивните вкусови се ин, како што се тиквата и доматот.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (6).jpg

Цветни вкусови

Заборавете на зачините, во 2018 ќе преовладуваат цветните вкусови. Цветови кои може да се јадат и цветните зачини, како што е лавандата, цветот од портокал и бозелот ќе ги зачинуваат слатките и интензивните јадења.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (3).jpg

Четири оброци дневно

За многумина во 2018, четири оброци на ден ќе бидат сосема нормална работа. Долгите работни денови создаваат потреба од четврт оброк како што е доцната вечера или ужината помеѓу појадокот и ручекот.

8-trendovi-na-hrana-koi-ke-bidat-popularni-vo-2018-01 (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg