Само 12 земји во светот, меѓу кои и Македонија, слават Божиќ на 7 јануари - зошто?

Најголемиот дел од светот веќе го прослави Божиќ на 25 декември.

Samo-13-zemji-vo-svetot-slavat-Bozik-na-7-januari-01.jpg

Но, одредена група која брои вкупно 12 земји меѓу кои и Македонија, го прославува еден од најголемите христијански празници 13 дена подоцна, односно на 7 декември.

Знаете ли зошто е тоа така?

Причината поради која го славиме Божиќ на 7 јануари заедно со уште 11 други земји во светски рамки е фактот што сè уште се водиме според стариот црковен Јулијански календар.

За разлика од Грегоријанскиот кој се користи во најголем дел од светот, Јулијанскиот календар е поназад за 13 дена во периодот од 1900-2100 година и таа разлика се зголемува за 1 ден по 2100 година.

Она што збунува многумина е мислењето дека Јулијанскиот календар е православен, а Грегоријанскиот се смета за католички, што е навистина погрешно.

Всушност, двата се еден вид обрасци за пресметка на времето кои во основата го имаат сончевиот циклус, односно ротацијата на Земјата околу Сонцето.

Грегоријанскиот календар претставува еден вид корекција на грешката акумулирана со векови во Јулијанскиот календар, создаден по наредба на Јулиј Цезар, воведен во 46 година п.н.е.

Од друга страна пак, и Грегоријанскиот календар кој стапил на сила во 1582 година со декрет од страна на папата Григур XIII не е совршен, бидејќи и тој ќе треба да се коригира, но не на секои 100 години за по еден ден, како што е тоа случајот со Јулијанскиот.

Дали и ние треба да ја напуштиме старата традиција и да се унифицираме според Грегоријанскиот календар како и најголемиот дел од земјите во светот?

Оваа година, за прв пат, Украина го прослави Божиќ на 25 декември и заедно со Бугарија и Грција кои ја напуштија групата која слави на 7 јануари.

Листата на земји кои прославуваат Божиќ на седмиот ден во Новата година изгледа вака:

  • Србија
  • Белорусија
  • Црна Гора
  • Русија
  • Казахстан
  • Македонија
  • Етиопија
  • Еритреја
  • Египет
  • Израел
  • Грузија
  • Молдавија

Кога веќе ја прославуваме Новата година на 1 јануари како и остатокот од светот, зарем не треба Божиќ да се прослави пред Новата година?

Кое е вашето мислење на оваа тема?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg