Знаци кои покажуваат дека вашиот дом е мета за кражби

Кражбите во домовите не се ништо ново, а во последно време стануваат многу чести.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-dom-e-ranliv-na-krazhbi-01.jpg

Но, доколку сте мислеле дека вашиот дом е безбеден или дека крадците ги напаѓаат само луксузните куќи на богатите, се лажете.

Сигурно има нешто што пропуштате и што можеби го прави вашиот дом привлечен за нив, иако не мора да значи.

Во секој случај, ако ги знаете „ранливите точки“ и работите на кои паѓаат крадците, ќе ви биде многу полесно да го обезбедите домот и да спречите кражби.

Ова се знаците кои покажуваат што ги прави домовите привлечни за кражба:

Крадците преферираат лесна мета

За да ограбат дом, на професионалците им се потребни од 90 секунди до 2 минути, а најголем дел од времето трошат на наоѓање вредни предмети.

Затоа, тие наоѓаат лесни мети, каде лесно ќе влезат – станови на приземје, куќи што не се гледаат од патот, станови со слабо затворени и незаштитени прозорци, како и незаклучени врати.

  • Секогаш заклучувајте ја влезната врата од станот и од влезот на зградата или портата од куќата. Исто така добро затворајте ги прозорите и вратите од терасите. Ако живеете на пониските катови, ставете решетки на прозорците.
  • Не го оставајте клучот под чергиче, бидејќи секој прво ќе побара таму. Подобро оставете го кај сосед на кој му верувате.
  • Ставете аларм или камера ако сакате да бидете најбезбедни, посебно ако чувате вредни работи во домот.
  • Чувајте куче, бидејќи големите кучиња-чувари секогаш успеваат да заплашат голем дел крадци.
  • Ако живеете во куќа, влезната врата секогаш треба да ви биде добро осветлена.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-dom-e-ranliv-na-krazhbi-02.jpg

Идеални објекти за ограбување – празни домови

Најголемиот број на кражби се случуваат во летен период кога многумина се на одмори и домовите ги оставаат празни. Крадците пратат постојано кои домови се празни, а за тоа постојат неколку трикови, меѓу кои најпознат е следењето на сандачето. Исто така тие оставаат летоци пред врата, па ако никој не го земе подолго време, знаат дека нема никој.

  • Ако живеете долго време на исто место, замолете некој од соседите да ви ја собира поштата што ви стига во сандачето.
  • Кога сте дома, редовно празнете го сандачето и не оставајте летоци пред врата за да не создадете лажно мислење кај крадците.
  • Не ги оставајте завесите отворени, за да не може никој да гледа што се случува во домот.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-dom-e-ranliv-na-krazhbi-03.jpg

Крадците пребаруваат мали предмети и знаат каде најчесто се кријат

Првично, крадците се заинтересирани за пари, накит и електроника. Дизајнерската облека и аксесоари се исто така мета, како и парфеми и оружје.

Чувајте ги парите во банка, а накитот и другите вредни работи на безбедно место. Фиоките со долна облека, полиците за книги и шкафчиња не се сметаат за безбедни места. Ако не сте дома, чувајте ги вредните работи на места каде што тие никогаш не би побарале нешто вредно, како на пример место каде чувате храна, фрижидер и сл.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-dom-e-ranliv-na-krazhbi-04.jpg

Крадците ги следат социјалните мрежи

Кога објавувате фотографии од одмор на социјалните мрежи, ако не ви се заштитени, не ги гледаат само блиските, туку можеби и некој потенцијален натрапник.

  • Не ставајте премногу информации за себе на интернет и не зборувајте на социјални мрежи за планови за одмор.
  • Не ширете фотки од вредни работи, пари и шопинг.
  • Не додавајте непознати за пријатели.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashiot-dom-e-ranliv-na-krazhbi-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg