Добри манири до кои се придржуваат културните луѓе


Добри манири до кои се придржуваат културните луѓе

Добрите манири се одлика само на културните луѓе и во некои ситуации може да „зборуваат“ за човекот погласно од било кои зборови.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-001.jpg

Ако сакате да оставите подобар прв впечаток, време е и вие да се придржувате до следниве правила:

Поздравување

Ракувајте се кратко, без да ја задржувате туѓата рака. Почитувајте го личниот простор и не се доближувајте премногу и не ја ставајте другата рака на рамото на соговорникот.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-01.jpg

Индиректни манири за почит

Важноста е точна. На состаноците треба да пристигнувате барем 5 минути порано. Ако доцнењето е неизбежно, учтиво е да најавите и да се извините.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-02.jpg

Давајте комплименти. Истакнете ги најдобрите квалитети на другите луѓе.

Мажот не треба да носи женска чанта

Дури и кога смета дека само ѝ помага. Женското палто е негова должност да го соблече и закачи на закачалка, меѓутоа за женската чанта одговорна е само жената.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-03.jpg

Облека

Мажи

Не купувајте облека чија ширина не се поклопува со ширината на вашите раменици.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-04.jpg

Исто така, ракавите на палтата треба комплетно да го покриваат зглобот на раката, но да не го допираат почетокот на палецот.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-05.jpg

Уште едно старо златно правило: долното копче на сакото е секогаш откопчано.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-06.jpg

Жени

Големата количина на накит е знак за невкус.

Седење на маса

Внимавајте на поставеноста на рацете. Не ги потпирајте на масата, туку ставете ги во скут.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-08.jpg

Истото важи и за телефонот. Во моментот кога телефонот го поставувате на масата, давате знак дека собирот ви е здодевен.

Во ресторан

Ако се најдете на маса со многу лажици, виљушки, ножеви, чаши и чинии и не знаете од каде да почнете, запомнете:

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-09.jpg

1 - салфетка која треба да се најде во вашиот скут

2 - виљушка за салата

3 - виљушка за главно јадење

4 - обична чинија

5 - чинија за салата

6 - обичен нож

7 - лажичка за чај

8 - лажица за супа

9 - шолја за кафе/чај по десертот

10 - чаша за бело вино

11 - чаша за црвено вино

12 - чаша за вода

13 - лажичка за десерт

14 - виљушка за десерт

15 - нож за десерт

16 - чинија за леб

Како да наточите пијалак и културно да пиете?

За жените, важно е да не остават кармин на чашата. Подобро отстранете го вишокот кармин со салфетка пред да се напиете.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-11.jpg

Доколку се само мажи, секој си точи пијалак на себе. Доколку има жена на масата, секогаш мажот ја полни нејзината чаша.

Не ја полнете чашата за вино повеќе од 1/4 . Кога пиете, само лесно допрете ја до усните, а не како кога пиете вода.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-12.jpg

Како да пиете чај?

Шеќерот се растопува со нежно мешање со лажичката, без да удирате по ѕидовите на шолјата. Мешајте ја само средината.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-13.jpg

Лажичката не треба да ја потпирате на тацната.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-14.jpg

Шолјата чај правилно се држи со 3 прста, а со останатата рака не треба да ја „гушкате“, туку да ја придржите танцата под неа.

dobri-maniri-do-koi-se-pridrzuvaat-kulturnite-lugje-15.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 одлики на луѓето со здрава психа Гужва во сообраќајот, случајно истурено кафе од брзање, проблеми во љубовта, про...
30 работи кои ќе ви се случат кога ќе наполните 30 години Прашање над сите прашања: Кога жената е во своите најдобри години? Нашиот одгово...
„Направи сам“ проекти, јавен превоз, список за пазарење: Навики на луѓ... На листата на најтешки работи во животот кои треба да ги научите, секогаш има ме...