„Ловат“ случајни шанси, бараат среќа во несреќа: По што се разликуваат среќните луѓе од останатите?

Многу луѓе нивниот неуспех го препишуваат на тоа што едноставно немаат среќа во животот.

lovat-sluchajni-shansi-baraat-srekja-vo-nesrekja-po-shto-se-razlikuvaat-srekjnite-lugje-od-ostanatite-01.jpg

Тие сметаат дека постојат луѓе кои среќата ги прати на секој чекор и дека тие се посебни, но според научниците, ова не е вистина.

Истражувачите не се согласуваат со фактот дека на некои среќата им паѓа од небо и велат дека тоа зависи од индивидуата.

После неколку експерименти и истражувања, научниците заклучиле дека среќните луѓе се разликуваат од останатите по некои работи.

Дознајте кои се тие и променете некои навики:

Тие „ловат“ случајни шанси и можности

Универзитетски професор по психологија, Ричард Вајсмен, нашол 400 луѓе кои се сметаат себеси за среќни или несреќни и поминал 10 години истражувајќи го факторот на среќата.

Тој вели дека нема среќници и губитници, туку само луѓе кои знаат да ги забележат и искористат случајните можности, подобро од останатите.

Професорот спровел експеримент – им кажал на испитаниците да избројат колку слики има во весник. Оние кои се сметале за неуспешни, потрошиле 2 минути, а оние „посреќните“, неколку секунди.

Причината лежи во тоа што на втората страна имало реклама на која пишувало „Престани да броиш, има 43 слики“, што очигледно „несреќните“ не ја забележале.

lovat-sluchajni-shansi-baraat-srekja-vo-nesrekja-po-shto-se-razlikuvaat-srekjnite-lugje-od-ostanatite-02.jpg

Ја бараат среќата и во непријатните ситуации

Професорот им поставил прашање на испитаниците: „Ако се најдете во банка за време на кражба и ве застрелаат во рака, дали тоа ќе биде добра или лоша среќа?“

Одговорот на несреќните секако бил „лоша среќа“, а на среќните „секако дека добра среќа, можело да биде и во глава“.

Несреќите им се случуваат на сите, важно е како ќе гледате на нив, дали ќе потпаднете под влијание, или ќе ги сфатите како корисна лекција која ве направила посилни.

lovat-sluchajni-shansi-baraat-srekja-vo-nesrekja-po-shto-se-razlikuvaat-srekjnite-lugje-od-ostanatite-03.jpg

Веруваат во сопствената среќа

Според професорот, треба да верувате дека сѐ ќе биде во ред, да носите одлуки водени од вашата интуиција и да не се заглавувате во сопствените сомнежи.

Ефектот на ова однесување е потврдено и од други универзитетски професори, како Маја Јанг. Таа нашла студенти кои веруваат во нивната среќа, многу почесто преземаат тешки задачи и постигнуваат подобри резултати од оние кои сметаат дека се несреќни и неуспешни.

lovat-sluchajni-shansi-baraat-srekja-vo-nesrekja-po-shto-se-razlikuvaat-srekjnite-lugje-od-ostanatite-04.jpg

Постојано пробуваат нешто ново

Ричард советува да и „објавите војна“ на рутината и постојано да се стремите кон нови искуства:

  • Кршете ја секојдневната рутина, правете ги старите работи на необичен начин и постојано пробувајте нешто ново
  • Менувајте го кругот на комуникација

На неговите студенти, тој им предложил, кога одат на забава или конференција, да не комуницираат само со оние кои веќе ги знаат, туку да си постават предизвик да им пријдат и да се запознаат со сите луѓе кои се облечени во некоја одредена боја.

Друг професор по психологија исто така верува дека колку повеќе познаници имаме, толку е поголема шансата за среќен настан.

lovat-sluchajni-shansi-baraat-srekja-vo-nesrekja-po-shto-se-razlikuvaat-srekjnite-lugje-od-ostanatite-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg