Слична генетика или обична случајност: Зошто другарките си наликуваат една на друга?

Луѓето многу често коментираат дека другарките си личат една на друга. Веројатно и вие сте имале таква или слична ситуација, но ако размислиме подобро тука нема ништо чудно.

slichna-genetika-ili-obichna-sluchajnost-dali-postoi-logichno-objasnuvanje-zoshto-drugarkite-si-nalikuvaat-edna-na-druga-2.jpeg

Вие и вашата пријателка поминувате многу време заедно, делите тајни, некои нешта за вас ги знае само таа и обратно. Верувале или не, сите овие работи влијаат на вашето однесување како кон неа така и кон околината.

Сличностите кои што се јавуваат помеѓу две другарки, најчесто се припишуваат на тоа што и двете функционираат во иста средина, имаат заедничко друштво и излегуваат во исти локали.

Сепак според списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, блиските пријатели имаат и слична генетика.

slichna-genetika-ili-obichna-sluchajnost-dali-postoi-logichno-objasnuvanje-zoshto-drugarkite-si-nalikuvaat-edna-na-druga-3.jpg

Објаснувањето лежи во тоа што кога се поврзуваме со одредени личности, колку што тие ни се посличен нам, толку се поголеми и шансите да изградиме постабилни пријателски односи.

Големо влијание врз градењето на пријателските односи имаат и заедничките интереси, дополнителните активности, спортувањето, средно училиште, факултет или работа.

slichna-genetika-ili-obichna-sluchajnost-dali-postoi-logichno-objasnuvanje-zoshto-drugarkite-si-nalikuvaat-edna-na-druga-4.jpeg

Според ваквото истражување на Бенџамин Доминик, може да се констатира дека пријателите имаат одресени сличности во генетскиот код, а тоа е така најмногу поради изборот на општествената определба.

Па ако размислиме подобро, можеби Бенџамин имал право, нели!?

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg