Причини заради кои парите залудно ви одат во неповрат

На сите ни се случува понекогаш да се опуштиме и кога ќе размислиме да не знаеме каде ни отишле парите.

prichini-zaradi-koi-parite-zaludno-vi-odat-vo-nepovrat-01.jpg

Но, доколку тоа е често, може да резултира многу негативно на иднината и на крај да завршите со повеќе долгови, а воопшто заштеда.

Можеби звучи смешно кога толку сериозно се третира секојдневното ситно трошење, но малку по малку, сѐ се собира.

Па, доколку не сакате да дојде до тоа, обидете се да ги намалите причините заради кои трошите повеќе отколку што планирате и парите ги фрлате во вода.

Причините се следниве:

Плаќате со картичка

Кога одите наоколу, по продавници, кафулиња, ресторани и секаде плаќате со картичка, немате преглед на состојбата во секој момент, како што би имале кога ги имате парите во новчаник и секојпат гледате како се намалуваат.

Па така, постојано правите спонтани трошоци, а кога ќе дојдете дома може да се чудите како сте успеале толку да потрошите.

prichini-zaradi-koi-parite-zaludno-vi-odat-vo-nepovrat-05.jpg

Шопинг терапија

Можеби не кај сите, но кај многу луѓе шопингот влијае како терапија кога се незадоволни или за нив тоа претставува идеја за подобар живот.

Убава облека, скапа или евтина во големи количини, козметички производи и други ситници, кои кога ќе се соберат создаваат една голема сума и сè само заради психата.

Верувајте, постојат и други начини да се расположите, освен трошењето пари.

Секако тоа задоволство е краткорочно, па обидете се да најдете нешто што ќе ве расположи на долг план.

prichini-zaradi-koi-parite-zaludno-vi-odat-vo-nepovrat-02.jpg

Подобра алтернатива

Има моменти кога имате определен буџет кој сте замислиле да го потрошите на нешто ново, но најважно е на што.

Често луѓето размислуваат краткорочно и го бираат она што во моментот ги прави посреќни, наместо да размислуваат паметно на трошењето и купувањето.

Па така, ако ви треба нов телефон, но истовремено најдете и неколку парчиња облека кои ви се „неопходни“ во моментот, ќе го оставите телефонот за понатаму и ќе издржите со стариот.

За да не правите вакви грешки, секогаш мерете ја вредноста на работите и потребата од нив и одберете ја најдобрата алтернатива, а не она што најмногу во моментот ви се допаѓа.

prichini-zaradi-koi-parite-zaludno-vi-odat-vo-nepovrat-03.jpg

Социјални очекувања

Постојат и луѓе кои се опседнати со туѓото мислење и сакаат да изгледаат совршено и успешно во очите на другите, но тоа го прават на претерано неконтролиран начин.

Ако сакате другите да ве гледаат како успешна личност, покажете го тоа со вашите способности и таленти, а не со купувањето на скапи работи.

Не е важно дали возите скап автомобил, кој сте го купиле со цела заштеда и дома едвај имате за основни намирници.

Понекогаш е подобро да инвестирате во нешто функционално, а не толку скапо.

prichini-zaradi-koi-parite-zaludno-vi-odat-vo-nepovrat-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
Зошто водата во океаните и морињата е солена? Водата покрива околу 71% од површината на Земјата, а поголемиот дел од неа е сол...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
9 причини зошто животот на Малдиви е тежок (и е далеку од рај за локалците) Храната што ја јадат локалците е еднолична, основните трошоци можат да бидат мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg