Важни совети за парите кои треба да ги знаете до 30-тата година

Некои луѓе, до 30-тата година веќе успеваат толку многу да се осамостојат, што можат да си купат стан, или да започнат сами бизнис.

vazhni-raboti-za-parite-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tata-godina-01.jpg

Во секој случај, има и такви кои финансиски тонат и не можат никако да застанат на нозе.

А, ако дотогаш не се стабилизира состојбата, потоа е многу потешко, кога доаѓаат уште повеќе обврски.

За таа цел, неколку корисни совети кои може да ви помогнат, кога станува збор за парите:

Децата си повлекуваат многу трошоци

Колку и да звучи лошо, реалноста е таа – за деца се потребни трошоци, па добро е кога ќе дојде време за нив да бидете веќе стабилни на финансиско поле.

Па затоа, размислувајте на долгорочен план, доколку сакате потоа да уживате во моментите без да пропаѓате сите заедно.

vazhni-raboti-za-parite-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tata-godina-02.jpg

Барајте покачување на платата – не се срамете

Ако работите на исто место повеќе од 3 години, време е да се искачите погоре на скалата кон успехот.

Барањето покачување на плата е вистински чекор кон подобрување на финансиската состојба, па не се двоумете да ја побарате сумата која мислите дека ја заслужувате.

Но, во меѓувреме покажувајте дека вредите, преземајте одговорности и бидете упорни во подобрувањето на вештините за полесно да успеете во целта.

vazhni-raboti-za-parite-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tata-godina-03.jpg

Инвестирајте во здравје и образование

Без добро здравје, луѓето не можат да постигнат многу, а тоа го сфаќаат многу доцна, па не дозволувајте да дојде до тоа.

Заштитете се, грижете се за себе, јадете квалитетна храна и не штедете кога се работи за здравје (скратете од непотребните трошоци).

Доброто образование пак, независно за што се работи и каков тип е, ви отвора многу врати во животот и ги руши сите граници, па не ги жалете парите дадени на надоградување на знаењето.

Не инвестирајте во нешто што не го разбирате

Дури и ако сакате да се „збогатите“ преку ноќ, не преземајте ризици ако не размислите добро на последиците.

Не се впуштајте во секакви зделки и бизниси само затоа што некој ви кажал дека ќе станете милионер.

Консултирајте се со експерти и направете добра анализа пред да вложите во нешто.

Не позајмувајте пари за да платите стари долгови

Многу луѓе позајмуваат пари за да отплатат стар долг, но ако го правите ова, само ќе влезете во маѓепсан круг од кој нема излез.

Ако мора да вратите некому пари, скратете си од други трошоци, штедете и собирајте пари или заработете ги чесно.

vazhni-raboti-za-parite-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tata-godina-04.jpg

Почнете да штедите уште отсега

Денес имате 20, утре 30 и за миг ќе помине времето, па ќе дојде ред за чување деца, правење свадби, одгледување внуци.

Добро е за тие денови да имате по некој денар тргнат настрана, па не го одолговлекувајте процесот и скратете по едно кафе денес – утре ќе ви значи.

Создадете исти навики на трошење со партнерот

Партнерите треба да се согласуваат во сè, вклучувајќи ги и финансиите.

Ако вие се обидувате да штедите, а другата половина ги троши сите пари на глупости – никогаш нема да успеете.

Зборувајте со партнерот и изедначете ги интересите.

vazhni-raboti-za-parite-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tata-godina-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg