Еден трик со кој веднаш ќе се ослободите од нервозата

Кога нервозата и анксиозноста му натежнуваат на вашиот ум, тешко е да останете концентрирани на моментот.

eden-trik-so-koj-vednash-kje-se-oslobodite-od-nervozata-01.jpg

Но, постои едно едноставно правило кое психолозите го препорачуваат за да си го вратите умствениот мир.

Правилото „5-4-3-2-1“ е алатка со која на ефикасен начин за кусо време ќе ја вратите контролата врз вашиот ум.

Овој трик ќе ве врати во реалноста преку активирање на петте сетила – вид, слух, допир, мирис и вкус.

Првиот чекор е во моментот на нервоза да погледнете наоколу и да идентификувате 5 работи што можете да ги видите во моментот.

Потоа, идентификувајте 4 работи што можете да ги чуете, 3 што можете да ги почувствувате (може да биде сè - од вашите стапала во чевлите до прстенот на вашиот прст) и 2 што можете да ги помирисате.

И на крај, една работа што можете да ја вкусите.

Чекорите треба да ги правите брзо и ефикасноста на трикот е загарантирана.

Насочувањето на сетилата нè враќа во сегашноста и нè оттргнува од причината што нè прави нервозни или анксиозни. Овој трик го прекинува нездравиот тек на мислите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
7 работи кои родителите треба да му ги кажуваат на своето дете (за тоа да израсне во самоуверена лич... Кажете му: „Верувам во тебе“ или „Знам дека можеш“. Чувството што секое дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg