Трикови и техники од експерт: Како да станете попривлечни во туѓите очи?

Привлечноста не е одредена само од надворешната убавина, па овие трикови и техники лесно може да ви помогнат да им станете симпатични на луѓето кои досега можеби не ве забележувале.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-01.jpg

Формула за привлечност не постои, но овие совети се најблиску до неа.

Во туѓите очи ќе бидете многу попривлечни доколку:

1. Ја навалите главата малку на страна

Вистина е дека исправеното тело и глава се знак на доминација, но во неформалната комуникација, многу е подобро да ја навалите главата малку на страна. Ова е знак за доверба и безопасност.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-02.jpg

2. Развиете фацијални експресии, посебно со веѓите

При запознавање, луѓето ги подигаат веѓите како знак дека не сакаат агресија и напнатост. Човечкиот мозок ја препознава оваа порака и автоматски го прифаќа соговорникот како попријатен.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-03.jpg

3. Научите да се смеете со очите, без да покажете заби

Човечкиот мозок е програмиран да препознае искрена насмевка и тоа благодарение на поставеноста на очите. Кога искрено се смеете, околу очите се создаваат мали брчки. Тогаш, нема потреба од покажување на забите.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-05.jpg

4. Заборавите на фразата „повели и другпат“

Никогаш не велете „повели и другпат“ на нечие заблагодарување. Искористете го следниов трик – кажете „И ти ќе го направеше истото да беше на мое место“.

Овој тип на изјава предизвикува пријатно чувство на реципроцитет и доза на верба дека соговорникот е добар човек.

А, признајте, пријатно е да сте во друштво на човек кој знае да ве цени.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-04.jpg

5. Зборувате тивко и повторете ја последната реченица

Кога ќе почнете да шепкате, луѓето многу повнимателно ќе ве слушаат, отколку ако викате гласно, тоа е непишано правило. Па, доколку сакате да привлечете внимание, намалете го тоналитетот.

Добар трик со кој може да се послужите и да ги добиете симпатиите на соговорникот е да ја повторите или парафразирате последната реченица која тој ја кажал, па да го изнесете своето мислење. На овој начин му давате до знаење дека внимателно го следите секој збор.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-07.jpg

6. Ги натерате луѓето да си упатат комплимент сами на себе

Најдобар начин да поделите комплимент е да го натерате човекот сам да се пофали за она што го направил.

На пример, среде разговор може да прашате „навистина тоа го направи сам/а?“ или „како успеа тоа да го изведеш?“ Ваквите прашања сами по себе се комплимент.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-06.jpg

7. Внимавате на знаците кои ги испраќате и примате преку приборот на масата

70% од мислењето го изразуваме несвесно, додека седиме на маса со познаник или се запознаваме со нов човек.

Доколку сте седнати на ручек или кафе, внимавајте на знаците кои ги испраќате меѓусебно.

Доколку шолјата за кафе или чинијата претставува „ѕид“ помеѓу двете личности, време е да ја зголемите дистанцата.

Од друга страна, кога седите со личности кои ви се пријатели или едноставно пријатни, забележете како сами ги тргате препреките меѓу вас (чашите вода ги ставате на страна, шеќерот и тацните исто.)

Одличен знак е доколку поделите храна од иста чинија. Секако, внимавајте на хигиената.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-08.jpg

8. Секоја комплицирана ситуација се решава со – филм

Овој феномен уште се нарекува законот на трнливиот пат. Ако гледате дека упорно не можете да воспоставите конекција со некого – пуштете филм.

По неколку часа ќе забележите како темите за разговор сами ќе извираат, а близината на телата полека, но сигурно ќе почне да се зголемува.

trikovi-i-tehniki-od-ekspert-kako-da-stanete-poprivlecni-vo-tugjite-oci-09.jpg

Бонус тактики кои ве прават симпатични:

- Нежно, повремено допирање на соговорникот во пределот на рацете или рамениците.

- Користење на гестови со рацете, дури и кога водите монолог.

- Откривање на слабостите и грешките кои ве прават „ранливи и достижни“ во туѓите очи.

- Демонстрирање на студ, како причина за телесна близина. Само во случаи каде е издржано, се разбира.

- Потенцирање на заедничките интереси и навики.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
8 психолошки трикови заради кои луѓето ќе веруваат дека читате мисли, низ илустрации Знаете ли дека очите издаваат дали некој се обидува да ве излаже или пак се прис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg