5 категории на луѓе со кои никогаш не треба да се споредувате

Потрагата по човек кој ќе ни биде пример за успех никогаш нема да престане. Но, од голема важност е да одберете правилен човек за пример.

5-tipovi-na-lugje-so-koi-ne-treba-da-se-sporeduvate-001.jpg

Секако дека ако го одберете Бил Гејтс дека ќе го постигнете спротивниот ефект – ќе се чувствувате како ништо да не сте постигнале, наместо да се мотивирате.

Па, за да не западнете во оваа замка на жалби од типот „ништо не ми оди во животот“, не се споредувајте со овие 5 категории на луѓе:

Славни личности

Славните личности најчесто не стануваат славни преку ноќ. Поголемиот процент се раѓаат во богати семејства и веќе имаат контакти кои може да ги втурнат во светот на шоу бизнисот.

Секако дека постојат и оние кои се нашле „на право место во право време“.

Како и да е, никогаш не е паметно да се споредувате со најбогатиот човек на светот или најплатената актерка на филмското платно.

5-tipovi-na-lugje-so-koi-ne-treba-da-se-sporeduvate-1.jpg

Лица кои имаат тотално спротивна замисла за иднината од вашата

Многу луѓе својот успех го мерат со „просекот“, односно со луѓе кои сметаат дека треба да имаат канцелариска работа од 8 часа, да живеат во двособен стан и да имаат 2 деца пред да наполнат 30 години.

Ова е нормален живот и нема ништо лошо во него, но ако вие не го замислувате така својот живот во иднина, престанете да се жалите зошто имате 29 години, а уште немате ни помисла за дете.

Едноставно не се споредувајте со луѓето со кои немате заеднички визии.

5-tipovi-na-lugje-so-koi-ne-treba-da-se-sporeduvate-2.jpg

Луѓе за кои си мислите „од каде им пари за ваков живот“

Сите имаме различна патека низ животот по која одиме за да стигнеме до успешна кариера, богатство и исполнет живот. Но, има и такви кои веќе живеат навидум совршен живот, без да можете да сфатите од каде им средства за истиот.

Ова обично се луѓе кои обожаваат да раскажуваат интересни животни искуства, кои ретко кој може да си ги дозволи. Не запаѓајте во замката да го посакувате нивниот живот и да го споредувате со вашиот.

Никогаш не можете да знаете за сметка на што го добиле тој „совршен живот“.

5-tipovi-na-lugje-so-koi-ne-treba-da-se-sporeduvate-3.jpg

Луѓе со ретки професии

Тука приказната е едноставна – ако сите сме ја одбрале таа професија, немало да биде ретка и добро платена.

Секоја имитација е лош избор, исто како и следењето на туѓите стапки, па не се ни обидувајте да ги следите.

5-tipovi-na-lugje-so-koi-ne-treba-da-se-sporeduvate-4.jpg

Луѓе без соништа и идеи

Веројатно најлошиот пример со кој може да се споредите. Ако мислите дека луѓето кои сонуваат се „неспособни“, многу се лажете.

Вистина е дека ви треба огромна доза на реалност за да успеете во животот, но ако се будите без идеи и соништа што понатаму, некаде сериозно сте згрешиле.

Па, зошто би се споредувале со луѓето кои се трудат само да им помине и овој ден?

5-tipovi-na-lugje-so-koi-ne-treba-da-se-sporeduvate-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg