Според ракописот: Каков е вистинскиот карактер на Кејт Мидлтон и Меган Маркл?

Едната ja водат емоциите и има моќна енергија, додека другата се обидува да ги контролира чувствата колку што е можно повеќе, размислувајќи внимателно пред секој направен потег.

spored-rakopisot-kakov-e-vistinskiot-karakter-na-kejt-midlton-i-megan-markl-1.jpg

Покрај тоа што се врснички, обете ја споделуваат љубовта кон британските престолонаследници - принцовите Вилијам и Хари. Кога се цртите на личноста во прашање, пак, тие не се ни малку слични. Напротив. Многумина се согласни дека Кејт Мидлтон (36) и Меган Маркл (36) имаат сосема различни карактери.

spored-rakopisot-kakov-e-vistinskiot-karakter-na-kejt-midlton-i-megan-markl-2.jpg

Ваквата теза ја потврдува и анализата на ракописот на двете кралски дами, којшто го одразува нивниот темперамент, односно контролата над емоциите. Па, какви се по природа миленичките на светската јавност?

spored-rakopisot-kakov-e-vistinskiot-karakter-na-kejt-midlton-i-megan-markl-3.jpg

Меган Маркл и Кејт Мидлтон не ги изразуваат емоциите на еднаков начин. Кејт има ракопис во кој буквите одат малку надесно, што открива дека таа умешно ги контролира своите емоции.“, објаснува експертот за ракопис Џејми Мејсон Коен. 

Додава и дека Кејт ја пишува малата буква „d", така што вертикалната линија ја надминува висината на другите букви за приближно трипати. Воедно, таа ја нагласува хоризонталната линија кај малото „t".

spored-rakopisot-kakov-e-vistinskiot-karakter-na-kejt-midlton-i-megan-markl-4.jpg

„Ова покажува дека Кејт внимателно ги бира своите битки. Таа првин добро ја проценува ситуацијата, а подоцна соодветно и реагира. Нејзината емоционална воздржаност е знак за гордост, или, пак, војвотката длабоко се грижи околу тоа како ќе се претстави себеси. Води сметка за репутацијата и улогата што ја има во кралското семејство.“, истакнува графологот. 

spored-rakopisot-kakov-e-vistinskiot-karakter-na-kejt-midlton-i-megan-markl-5.jpg

За разлика од неа, Меган Маркл е преполна со моќна енергија.

„Силниот притисок на нејзиниот ракопис, како и фактот што ја става хоризонталната линија на малата буква „t" само на десната страна, укажуваат дека таа има склоност да се води според емоциите. Исто така, земајќи го предвид големиот и раскошен потпис на Меган, свршеницата на Хари веројатно ужива што е во центарот на вниманието.“, заклучува Џејми.

spored-rakopisot-kakov-e-vistinskiot-karakter-na-kejt-midlton-i-megan-markl-7.jpg

Меган или Кејт – која дама е поблиска до вашиот сензибилитет? 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg