Што му се случува на вашиот мозок кога ќе умрете?

Дали ве плаши помислата дека мозокот може да функционира уште неколку минути по престанокот на сите други витални функции кај човекот?

shto-mu-se-sluchuva-na-vashiot-mozok-koga-kje-umrete-03.jpg

Невролозите на Универзитетот во Берлин спроведоа истражување на мозоците на девет починати пациенти и дојдоа до изненадувачки резултати.

Според истражувањето смртта се означува со последен бран на електрична активност во мозокот наречена „spreading depression“ (ширечка депресија). Експертите тврдат дека тоа е последната активност на мозокот пред да се исклучи.

Резултатите покажуваат дека мозокот може да работи и 3 до 5 минути по прекинот на дишењето на човекот, односно престанокот на знаците на живот.

shto-mu-se-sluchuva-na-vashiot-mozok-koga-kje-umrete-02.jpg

Преку користењето на електроди на мозокот по смртта на деветте пациенти, кои имале катастрофални оштетувања на мозокот, научниците откриле дека и откако срцето запира, невроните во мозокот сè уште функционираат.

И тоа сè додека не се прошири т.н. „spreading depression“, кое може да биде дури неколку минути по престанокот на срцето со испумпување на крв и снабдување на телото со кислород.

shto-mu-se-sluchuva-na-vashiot-mozok-koga-kje-umrete-01.jpg

Постојат контроверзии околу тоа кога е точното настанување на смртта кај човекот, но експертите велат дека немаат конкретен метод за утврдување на смртта на мозокот, односно за моментот кога сиот негов капацитет за свесност исчезнува, па утврдувањето на смртта кај човекот и понатаму се смета дека е кога настапува престанокот на другите витални функции на телото.

Се разбира, ова истражување ќе послужи за во низа други медицински процеси и состојби кај пациентите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Морничаво: Мажи кои си ги убиле сопругите на медениот месец Мишел Еското ја убил сопругата на медениот месец само за да ги земе парите од не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg