Интересно
Црнец без јајца

crnec-bez-jajca-povekjeДоколку имате малку перверзен ум, не сакаме да знаеме што прво ќе ви падне на памет според насловот. Но, затоа, можеме да ви дадеме идеја...

 

...како да исполните дел од вашето време викендов.

Колку и да не ве бидува во кујна, сигурно ќе ви биде мерак да направите колаче кое има вакво интересно име нели?

Што ви е потребно?

Состојки (за тесто)crnec-bez-jajca

  • 3 јогурти (3 x 180грама)
  • 300 грама пченично брашно
  • 250 грама шеќер
  • 120 мл масло
  • 25 грама какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • Масло за премачкување на тавчето

Состојки (за прелив)

  • 150 грама масло
  • 150 грама чоколадо за готвење
  • 120 грама шеќер
  • 120 милилитри млеко

Подготовка:

1. Јогуртот, брашното, шеќерот, какаото и сода бикарбоната мешајте ги со миксер 2-3 минути.

2. Смесата префрлете ја во тавче со димензии 20x30 сантиметри претходно премачкано со масло и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

3. Маслото загрејте го, тргнете го од рингла, измешајте го со чоколадото, шеќерот и млекото се додека не добиете глатка смеса.

4. Колачот оладете го и прелијте го со чоколадната глазура (прелив).

Може да се служи и со шлаг и сезонско овошје. Чекаме импресии!

Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Не сум должен да победам, туку да бидам искрен. Не сум должен да успеам, туку да живеам според своите убедувања. "
Абрахам Линколн (1809-1865)