Португалката Joane Vasconcelos во Лондон презентирала навистина интересни скулптури. Станува збор за сјајни штикли кои, верувале или не, се...
...направени од тенџериња и нивните капаци.
Joane Vasconcelos е родена 1971 година во Париз, и во моментов е еден од најбараните португалски уметници. Позната е по тоа што ги претставува секојдневните предмети на нови начини.
Вниманието го привлекла со своите чевли од тенџериња. Во Лондон ги прикажала чевлите наречени „Marilyn“, посветени на најголемата некогашна заводничка на Холивуд – Мерлин Монро.