Интересно
Што да направите за себе?

Постојат моменти и денови кога едноставно сакате и морате да си посветите време сами на себе. Ако случајно наидете на повеќе време отколку што ви...

 

...било потребно, еве какви "услуги" може да си допуштите себе си:

  • Престанете да гледате телевизија.
  • Престанете да јадете фастфуд, храна која содржи многу шеќер, смрзната храна.
  • Немојте да палите кола за дестинации кои можете да ги стигнете и пеш.
  • Прочитајте барем една книга во месецот.sto-da-napravite-za-sebe-1
  • Одете на семинари и обуки.
  • Немојте никому да должите. Или барем контролирајте колку трошите.
  • Разбудете се порано, и завршете ја сета работа што е можно побрзо.
  • Пијте помалку алкохол. Или целосно исфрлете го.
  • Конечно откажете ги цигарите!
  • Одете и седете исправено.
  • Кога зборувате со некого, секогаш гледајте го во очи.
  • Насмевнувајте се и бидете учтиви.
  • Исполнувајте ги своите ветувања.
  • Вежбајте најмалку 3 пати неделно или пешачете.
  • Кога пишувајте, внимавајте на голтнатите букви и граматиката.
  • Не оговарајте и не издавајте - бидете добри пријатели.
  • Немојте да бидете построги кон другите отколку кон себе.
  • Волонтирајте.
  • Простувајте, но не заборавајте.
  • Од време на време, разгледајте ги вашите вредности и следете ги  постигнувањата во животот.
  • Слушајте повеќе отколку што зборувате.
  • Внимавајте колку калории внесувате дневно  во организмот.
  • Чувајте ги вашите морални вредности и религијата за себе.
  • Прашајте ги луѓето како се чувствуваат, и слушајте ги нивните одговори.
  • Смејте се на шегите што ги кажуваат другите луѓе. Не се смејте само на своите шеги.
  • Редовно мијте си ги рацете и освежувајте се со туш.
  • Грижете се за старите лица. Помагајте им, и од време на време, сослушајте ги нивните разговори.
  • Избегнувајте да лажете.
  • Немојте да се трудите да се прикажувате подобри отколку што навистина сте. Ниту поуспешни, ниту попопуларни...
  • Секогаш одржувајте го станот чист.
  • Истото важи и за вашата канцеларија и колата.
  • Еднаш дневно, правете вежби за истегнување. Јогата е идеална за наутро.
  • Одете на часови по танцување.
  • Кога наутро ви ѕвони алармот, немојте да го пренавивате.
  • Направете си сопствен буџет, и држете се до него.
  • Почесто кажувајте „те сакам“.

 

Коментари (0)Add Comment

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Сé се врти во круг. Сите сме одговорни за сопствените дејства. Ќе ни се вратат. "
Бети Лавердур, Оџибва