Тој е сега твој и ти биди само негова!

До неговата девојка: „Сакам да ти кажам дека не те мразам, нема потреба. Јас го оставив него многу долго пред ти да го запознаеш.

toj-e-sega-tvoj-i-ti-bidi-samo-negova-01

Јас сум таа што беше со него долго време, пред сите други и после сите други. Јас сум таа што го научи да сака. И да не бев јас тој немаше да биде тој совршениот дечко што ти ја исполнува секоја желба.

Мене не ми исполнуваше желби. Бев таа која неизмерно го сакаше, таа што планираше иднина со него, сонуваше за брак, деца.

Тој го знаеше тоа и го искористуваше, ми велеше дека никогаш нема да биде со мене цел живот, се додека не го оставив. Ме изневеруваше, ме лажеше.

Боли да, личноста која тебе ти е сè, е сечиј. Му простував, не затоа што не можев без него туку не сакав.

Самото негово присуство ме правеше среќна. Се каравме, го молев и после секоја негова грешка и извини јас простував и му се враќав.

Повторно исто беше. Постојано ги правеше истите грешки. Кога некој толку пати ќе ја изневери твојата доверба сфаќаш дека тој не вреди.

toj-e-sega-tvoj-i-ti-bidi-samo-negova-1.jpg

Решив да го оставам конечно засекогаш. Да ставам крај на таа долгогодишна врска. После таа одлука ми беше тешко, плачев а тој ме молеше, ми вртеше, викаше дека никоја нема да најде после мене, дека ќе ме чека, а и долго време после мене немаше никоја.

Очекуваше дека ќе му се вратам како порано. Јас немав сили за уште една проба, а и се плашев дека ќе заврши исто како другите обиди за да ни успее врската. Не верував дека е сменет.

После долго време те запозна тебе, и сега е среќен со тебе. Можеби ќе слушнеш: „Таа го сака" или дека можам да ви расипам сè.

Но, без грижи. Искрено знам што се случува во вашата врска а и со него правев муабет за тебе.

Ќе ти кажам дека тебе ти го даде сето тоа за кое што јас сонував. Сите мои желби, сите потреби за да се почувствувам сакано ти ги дава тебе.

Немој да го упропастиш тоа и батали ги муабетите за мене. Тој сега е твој и ти биди само негова!“

toj-e-sega-tvoj-i-ti-bidi-samo-negova-2.jpg

Автор: M.T.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg