Никогаш нема да биде исто

Помина времето кога заљубено и срамежливо шетавме низ Градскиот парк, кога калдрмата на Старата чаршија ми ја пееше најубавата песна. Живеев како во бајка, реалноста ја боев во розово, иднината во златно. Не сакав да прифатам дека сами си ја одлучуваме иднината. Тогаш верував дека Универзумот го движи само една сила, силата на љубовта.

nikogas-nema-da-bide-isto-01.jpg

Сè е совршено на почетокот, секој збор е разбран, секој гест е прочитан, секое објаснување е излишно. Почетокот на секоја врска е како осветување на душите на двајца кои заедно решиле да ја одат патеката на непознатото.

Секоја приказна која ја пишувам има чуден тек, не знам каде ќе ме одведат зборовите, го знам само почетокот и намерата. Така е и во врската одлучувате во кого имате доверба и заедно решавате да ги направите првите чекори, но никогаш не знаете каква ќе биде патеката и како ќе заврши вашата прошетка.

Да, врската е токму тоа, прошетка. Одлучувате по која патека низ паркот ќе одите, кој мост ќе го преминете, кое цвеќе ќе го наберете и со какви спомени ќе ја завршете прошетката. 

Има многу прошетки кои се кратки и ќе ви останат во убаво сеќавање и цел живот ќе се прашувате што ако... има многу прошетки кои ќе се трудите да ги заборавите, но има и такви на кои ќе сакате да им го видите крајот.

Секој почеток е крај, секоја средина може да стане пекол кој ќе го одреди крајот, но не се плашете да ја искусите љубовта со сите нејзини мириси и бои. Љубовта каква и да е, е живеење со сите сетила. Коцкаста коцкеста

Помина времето кога на дрвената капија го резбав името на оној кој го сакам, кога секој момент размислував за тоа што би го израдувало мојот сакан. Помина времето кога сакав да имам жиг дека сум само негова.

Што се промени? Најверојатно ништо, сè уште го сакам со целото свое битие, но сега реалноста е само реалност, иднината е само мистерија.

Надежта која е мојот белег низ целата прошетка, знае да ме изневери. На почетокот беше сон за еден совршен живот, сега е сон дека иднината ќе биде совршена. Нема совршена врска, нема совршен живот.

Денес научив дека на стартот сите сме несебични, со текот на времето стануваме себични сакаме да го промениме она во што сме се вљубиле, сакаме да ги наметнеме своите мислења и интереси, сакаме идила по сопствена мерка.

Секоја врска е како семафор, треба да научите кога и за што да кажете стоп, кога да правите компромис и кога да преминете преку нешто.

Животот не е лесен ќе ви зададе милион сопки, болката од несреќите, фрустрациите и кавгите, можат да ве направат нечувствителни.

На стартот гледате маани кои се надевате дека ќе се сменат, потоа гледате маани за кои се надевате дека нема да ве оддалечат.

Ниедна врска не е природна, Божја дадена сама по себе, на сите треба да работите напорно дури и по децении поминати заедно и изодени илјадници километри.

Калдрмата уште ми пее песна, мирисите ме враќаат назад и ми навестуваат дека секое лошо за добро е, дека секоја сопка ја прави поцврста нашата врска.

Камениот мост ми шепна дека Универзумот не го движи само љубовта, туку и добрината, компромисот, вербата и прифаќањето на промените во животот.

Менувањето е составен дел од животот, двајцата шетачи кои ќе се одлучат за една прошетка, никогаш нема да бидат исти пред и после прошетката. Времето не менува, животот остава траги, телото старее, душата одлучува што понатаму.

Сакајте некого и бидете подготвени дека тој нема да биде ист како вчера, ниту ќе биде утре каков што бил денес, едноставно одберете да сакате.

Ништо  нема да биде како порано, следете го партнерот во чекор, во промените, низ болките, низ трагедиите, низ среќата и ќе сфатете дека двајцата не сте она што сте биле, но сè уште се држите за рака.

nikogas-nema-da-bide-isto-3.jpg

Автор: Марина Дојчиноска Манасиева

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg