Колку и да сакаш да ме заборавиш, никогаш нема да успееш - Твоето минато

Здраво, јас сум твоето минато. Кога последен пат си се сетил на мене? Години поминале, а јас сè уште останав непроменето, останав исто онака ти како што ме создаде.

zdravo-jas-sum-tvoeto-minato-koga-posleden-pat-si-se-setil-na-mene-01.jpg

Изгубено и заборавено во твоите мисли сè уште талкам и се борам да опстојам и покрај твојата упорност засекогаш да ме отстраниш.

Зошто се обидуваш да ме заборавиш? Го знаеш ли патот кој си го изминал, кој  те научил и те отсликал во човекот кој си денес? Тој изминат пат го носи моето име.

Можеби сум ти пружило милион лоши искуства, падови, напори, тага, болка, гнев, но не негирај дека и добрите се дел од нив, спомени кои јас ги чувам и со кои сакам да ти изнудам насмевка тогаш кога ти е најтешко.

Сети се на мене те молам, јас вредам колку и самиот ти.

Зошто повторно се обидуваш да ме заборавиш, да ме избришеш?

„Не се навраќам на минатото“  е изрека која јас ја запишувам во мојот дневник како кажана од тебе, еве веќе неколкупати по ред.

Што е тоа толку што те разочара, а останало само едно болно или тажно сеќавање?

Дали до толку паднала мојата вредност и не бил доволно ценет мојот напор за да те направам поуспешен човек од порано? Јас и мојата колекција на лоши и добри спомени и моменти сме се потрудиле и повеќе од доволно.

Се сеќаваш ли кој тропна на твојата врата пред да чукнат успехот, кариерата, парите, среќата?

Тогаш и најмалиот спомен на среќа важеше богатство, а најмал момент на тага сочувство.

Бришејќи ги старите спомени нема да ти промени ништо, само дупка во меморијата, празнина во душата, но ќе изгубиш многу повеќе, ќе се изгубиш низ патеката на животот.

Патека што е лавиринт со зацртана цел.

Ако случајно си одлучил тој пат да го заборавиш, што ќе се случи кога повторно ќе се изгубиш талкајќи? Тогаш се оддалечуваш од целта и нема да паметиш како да се вратиш повторно до неа само ќе се губиш сè повеќе и повеќе.

Тој пат си го заклучил во минатото заедно со лошите и добрите избори на патокази што си ги направил.

Па ќе вреди тоа што сега си нов комплетен човек? Што стариот не може да остане ни како збирка споменар од искуства?

Повеќе од неправедна е оваа игра-авантура живот и често знае да нè турне таму каде што сме почнале, а ти само ќе знаеш да гледаш напред во некогаш познатото искуство.

Грбот можеш секогаш да го свртиш на луѓе, но не и на минатото, тоа е творештвото што си го создал или барем си се обидел, луѓето што си ги сакал и те сакале или повредиле, напорите што си ги вложил и ти успеале или пропаднале, моментите за кои денес живееш или се каеш.

Минатото е само сликовница во нашите глави до кое само ние имаме пристап, нивното сеќавање не може да нанесе болка никому освен на тебе самиот, но не вреди да се заборават.

Никој нема право да те осудува за тоа што си правел порано, било па поминало. Можеш само сам да се осудиш што не си направил подобри одлуки.

Понекогаш од време навреме сети се на мене, јас сум дел од тебе и најголемиот пасус на незавршената книгата „Живот“.

Во оваа книга  чијшто автор си самиот ти имаш подглавје „Искуство“ кое ќе те води до самиот крај на книгата. 

Моја работа е да ги запишувам сите патеки кои се исчекорени и од време навреме да те потсетувам да погледнеш низ листовите на таа книга само за да воочиш како што времето бега од нас, листовите на книгата се сè побројни, а патиштата на мапата си повеќе изминати.

Не заборавај  дека двете од нив имаат крај подоцна или порано, па испиши ги правилно.

Јас останувам засекогаш меѓу твоите мисли и твоите дела, единственото нешто што не може да се смени на светот е минатото, а да се врати, времето.

Колку и да се обидуваш тоа е само губење повеќе време и помалку градење на спомени и дела.

Мрази ме или сакај ме, јас НЕ СУМ ти, јас БЕВ ти, кој сакаш да бидам во иднина не зависи од мене, иднината е поим што најмалку јас, па и никој друг не ја познава, но е во твои раце.

Од тебе зависи какво ќе останам. Дали ќе останам како нешто на кое што ќе се гордееш да се сетиш или ќе се обидеш да го избришеш засекогаш.

Поисправни одлуки за понатака,

Твоето Минато.

Автор: Х.ина

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg