Добредојдовте во 21-от век, таму каде има луѓе, ама ниту еден човек

Го знаете ли она кога сте помеѓу толпа од луѓе, а исто сте сами? Го знаете ли она чувство кога немате на кого да се потпрете, да се изнакажете, да се доверите со цело свое срце? Го знаете ли?

dobredojdovte-vo-21ot-vek-tamu-kade-ima-lugje-ama-nitu-eden-covek-01.jpg

Знаете ли какво е само чувството да ви кажуваат грозни зборови, да ви кажуваат како само се менувате, како само одите во погрешна насока, а вие знаете дека сте на вистинскиот пат? Знаете ли?

Знаете ли колку само болка нанесува тоа? Знаете ли колку само боли онаа лажна насмевка и смеа? Колку е само тешко да се однесуваш студено? Да се правиш храбар, да се смееш на цел глас, а да си скршен? Знаете ли?

Имате почувствувано некогаш, како е да сте невидливи? Како е да сте само една обична нула во туѓите очи?

Знаете ли колку е само болно она чувство кога ќе се погледнете на огледалото, кога ќе го свртите грбот за да си ги видите сите стрели длабоко навлезени?

Кога полека ќе почнете да ги вадите, едно по едно... со голема болка... не во грбот... онаа болка во срцето... знаете ли колку боли?

Колку само е потребно време да се излечат тие рани? Да зараснат? А додека да зараснат, ви набодуваат нови...

Овој народ не е милосен...

Нема човек кој ќе те сожали во денешницава...

Како што само денови поминуваат, така сè повеќе и повеќе луѓево се мразат, се менуваат и повеќе и самите себе не се препознаваат.

Но сепак, мислам дека најмногу боли кога пред другите не го покажуваш тоа, кога во себе собираш сè, кога сè е како во котел на огинот, како сè едно по едно ставаш внатре...

Eден ден повеќе нема да има место, еден ден и тоа ќе се претури...ќе го снема...еден ден и тоа ќе експлодира, но, што ќе се случи ако експлодира срцето?

Ако се распрска на сите страни... ако еден ден сите видат се што си чувал во себе?

Ќе се смеат на целиот глас или ќе те сожалат?

Се надевам дека ќе те сожалат, затоа што тоа е секоја твоја болка, секоја твоја солза...

Секоја твоја ноќ помината сама...

Можеби и ќе биде изброена секоја солза во ноќните часови на твојата перница... твојот соговорник можеби тогаш ќе се јави... можеби ќе прозбори за првпат?

Можеби ќе раскаже на сите колку си само една глупава личност, неважна, нула на светот.

Можеби соговорникот  – душата за првпат ќе ти се изнасмее за секоја бесмислена солза, за секој неостварен сон, недокажан совет, неислушан реферат.

Можно е...

Не ме чуди и самово срце да ме напушти, да замине, зошто и тоа не може повеќе да трпи болка.

Доволна му е оваа...

Но, тоа е...

Најдобро ќе ме разбере небото, месечината, ноќта и онаа моја перница над креветот, ќе ме ислушаат до крајот, ќе ја впијат секоја моја солза и ќе направат да испари.

Многу сонувам, многу фантазирам и тоа е сè.

Добредојдовте во 21-от век каде можете да пронајдете многу луѓе, но никој од нив да не биде човек...

Автор: Т. Мирческа

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg