За мачорот од наше маало кој сите го викаа Грдиот

Во зградата во која живеам сите го викаа Грдиот. Тоа беше еден локален напуштен мачор. Добро умееше да прави три нешта: да се бори со другите мачки, да копа по сметот и да сака. Комбинацијата на овие три нешта навистина влијаеше да го добие прекарот Грдиот.

za-macorot-od-nashe-maalo-koj-site-go-vikaa-grdiot-01.jpg

Имаше само едно око, а на местото кадешто требаше да стои другото имаше дупка. На истата страна на која недостасуваше окото немаше ни уво. Неговата лева нога некогаш била скршена, па зараснала лошо. Затоа Грдиот и кривеше. Беше со темно-сива тигреста боја, но на главата и грбот имаше лузни од уличните судири со други мачки. Кој како ќе го видеше, реакцијата беше иста – „О, колку грда мачка!“.

Сите деца беа предупредувани да не го допираат и да не му приоѓаат. Тие го гаѓаа со камења, а кога ќе пробаше да влезе во нечија куќа, со вратата ќе му ги приклештеа шепите. Грдиот секогаш реагираше исто. Кога го поливаа со вода стоеше мирно сѐ додека не престанат. Кога го гаѓаа со камења, ќе се стуткаше чекајќи да мине нападот.

Сакаше да гледа како си играат децата од соседството. Понекогаш ќе им се приближеше и ќе се протриеше од нивните нозе како да ги тера да го погалат. Кога некој ќе го кренеше и потпреше на градите, тој ќе почнеше да го цица крајот на кошулата или што и да дофатеше.

Еден ден Грдиот сакаше да ја сподели својата љубов со соседската хаска. Песот не одговори баш најљубезно на гестот на мачорот. Го нападна, а јас од својот стан можев да ги слушнам неговите повици за помош. Веднаш се стрчав низ скалите.

Лежеше на тротоарот во неприродна положба. Како `рбетот да му беше скршен. Го подигнав, а тој сѐ уште преплашен, дишеше тешко. Помислив дека сум го повредил кога го подигнав и го спуштив на рамето, а тогаш почувствував како ми го лиже увото. Тоа беше познато и топло чувство – дури и во толкави болки измачениот мачор бараше малку нежност! Тогаш за првпат помислив дека Грдиот всушност е најпрекрасното суштество кое сум го видел! Не се обиде да ме изгребе, не се опираше, напротив – потполно ми веруваше. Ете, целото тоа време го викавме Грд, а тој имал најубава душа.

Умре во мојата прегратка пред да успеам да стигнам во станот и да повикам помош. Седев во фотелјата и го држев неговото тело размислувајќи како еден измачен скитник за секунда успеа да го смени моето мислење за тоа колку е важно да се има чистота на духот и да ѝ се препуштиш на љубовта без резерва.

Грдиот ме научи за животот и сочувството повеќе отколку што би можеле да ме научат илјада книги на светот. За тоа секогаш ќе му бидам благодарен.

Многумина би сакале да бидат богати, успешни, сакани, поубави, а јас од денес ќе се трудам да бидам Грдиот!

Автор: Animal Lover

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg