Сите гледаат различно: Каква боја е штиклата?

Дали сè уште се прашувате која е бојата на фустанот? Бело-златна или сино-црна? Оставете го тоа прашање на страна, сега имаме ново и подеднакво збунувачко.

sosema-nova-raspravia-po-fustanot-koj-lak-odgovara-so-shtiklata-001.jpg

Најнапред беше расправијата околу фустанот и неговата боја. И сè уште не постои јасен и точен одговор околу тоа која е вистинската комбинација на бои, но сега вирална стана сосема нова расправија.

Кој лак за нокти е иста боја со штиклата? Или во јазикот на Твитер дебатата е околу #theshoe.

Корисник на Твитер @totallymendes објави фотографија од две различни нијанси на лак за нокти до една штикла. Едната нијанса е виолетова, а другата магента розова.

Иако нијансите на лак се различни, споредени со штиклата се чини дека и двете нијанси се исти со бојата на штиклата.

Со прашањето околу фустанот научивме многу околу тоа како функционира нашиот ум и кои се реакциите кои се случуваат кога гледаме во оптички илузии, но се чини дека имаме уште многу да научиме.

Сега сконцентрирајте се, добро погледнете ги и двата лака за нокти и одлучете: Која нијанса се совпаѓа со бојата на штиклата?

sosema-nova-raspravia-po-fustanot-koj-lak-odgovara-so-shtiklata-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Кои знаци треба да ги додадете за да добиете точно равенство? Од четирите цифри кои се на фотографијата пред вас, со математички операции обид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg