Гимнастика за мозокот: Кои двајца патници не смеат да седат во ист ред во авион?

Научно е докажано дека за да бидеме во добра форма, покрај вежбите за телото, треба редовно да го вежбаме и мозокот.

Prasanja-za-utrinska-gimnastika-na-vasiot-mozok-koi-dvajca-patnici-ne-smeat-da-sedat-vo-ist-red-vo-avion-01

Најразличните загатки се одличен начин за вежбање на најпаметниот мускул.

Повеќето од нив, особено оние посебно смислени за децата, секогаш содржат некој загадочен дел (кој во најголем број случаи е самиот одговор) кој најчесто целосно го игнорираме.

Некои од нив се полесни и поедноставни а на децата им треба само секунда да ги решат, но затоа пак други бараат многу поголемо активирање на мозочниот мускул, што секако е и саканата цел.

Обидете се да одговорите на следните прашања и натерајте го мозокот да вежба:

1. Според Меѓународната воздухопловна асоцијација двајца патници никако не смеат да седат во ист ред во авион. Кои се тие?

2. Група жени се качуваат во локален автобус. Иако автобусот не е преполн, сите седнуваат во задниот дел. Зошто?

3. Во 1445-та година луѓето во Москва мислеле дека се наближува апокалипса бидејќи сите црковни ѕвона започнале да ѕвонат сами од себе. Истиот настан се случил во 1091-ва во Киев а потоа во 1802-ра година повторно во Москва. Која била причината за тоа?

4. Секој ден нашата планета станува сè потешка; всушност секојдневно добива со 60 тони што?

5. Што имаат заедничко Русија, Турција и Египет?

6. Во 1965-та година бразилскиот фудбалер Пеле добил златен медал од бразилското Министерството за образование за неговата автобиографска книга „Пеле“. Каква врска има неговата книга со образованието?

7. Некои субсахарски племиња закачуваат мали торбички полни со инсекти на нозете, кога одат на лов во текот на ноќта. Зошто?

8. Кога владата во Табаско, Мексико решила да ја забрани продажбата на пиво за да се намали зголемениот број на алкохоличари, наишла на негативна реакција. Брилијантниот план кој го смислил Конгресот бил следниот: може да се продаваат сите пива освен едно. Кое?

9. Еден мал град во Андалузија, Шпанија бил првото пристаниште во историјата кое им наплаќало на трговците за употреба на пристанишните објекти. Кое е неговото име?

10. Според Гинисовата кинга на рекорди во Орегон се наоѓа најкратката река во светот, долга само 130 м. Нејзиното име, кое почнува на Д, е, исто така, најверојатно најкраткото име за река во светот? Како се вика оваа река?

Одоговорите се кријат на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Детективска загатка: Која пријателка лаже? Имате ли моќи за забележување детали? Би се снашле ли во улога на детектив или ќ...
Загатка за деца што ќе ве замисли: За колку време ќе се сетите на одговорот? Оваа загатка е наменета за деца, но веруваме дека и голем број возрасни ќе се по...
Детективска загатка за фановите на Агата Кристи: Кој ја убил госпоѓа Марија? Ако сте љубител на детективските романи на Агата Кристи, тогаш многу лесно ќе го...
Играме брза географија: Набројте барем 3 од многуте села на буквата „Ч“ во Македонија Можеби на прва помисла ќе ви се чини дека нема села во Македонија на буквата „Ч“...
Загатка која ќе ви го размрда мозокот - Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали сакате математички предизвици? Ако сакате, тогаш оваа загатка е само за вас...
Морничава загатка која ќе ја решат само најостроумните Иван бил возрасен маж, кој бил роден во 1995, а умрел во 1953. Ќе успеете ли да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg