Кучиња за во стан: 10 раси кои не оставаат влакна

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-01

Вообичаено кучињата бараат посебна нега и не сите раси се погодни за чување во мал стан, каде што постојано ќе се митарат.

Но, сепак постојат некои раси на кучиња кои се погодни токму за оние кои немаат голем двор, а сакаат кутре кое лесно ќе го одржуваат.


Малтезерот
е едно од најпопуларните кучиња. Овие кученца тежат најмногу до 4 килограми, многу се темпераментни, интелигентни и игриви. Приврзани се и верни.

Влакната на малтезерот се бели и многу слични на човековата коса. Оние кои се алергични на влакна од животни, овие може многу полесно да ги поднесат.

Малтезерите не ги менуваат влакната сезонски, туку само додека ги чешлате.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-1


Бишон
е уште едно минијатурно кутре со стабилен карактер. Не лае многу, интелигентен е и приврзан. Сака друштво, игри и галење.

Влакната на ова кадраво топче не треба постојано да се чешлаат. Ретко се капе, бидејќи нема силен кучешки мирис, дури и кога е мокро.

За полесно одржување се препорачува кратко стрижење.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-2


Ши-цу
е лесно приспособливо кутре кое не бара многу голема грижа. Она што секојдневно му треба е човечко друштво, љубов и внимание.

Дружељубиво куче кое лесно се сложува и со непознати, деца или други кучиња.

Влакната на ова  куче треба да се одржуваат со секојдневно чешлање.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-3


Јоркширски териер
е една од најмалите раси на светот која има силен карактер.

Иако изгледа како кукличка во душата е вистински териер коj прогонува мачки и лае на сè што не му се допаѓа.

Како домашно милениче е многу практично, бидејќи не се митари, но затоа бара навремено одржување и чешлање.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-11


Пудлицата
е најпопуларна меѓу кучињата. Постојат четири големини, а се карактеризира со кратки и виткани влакна.

Пудлите се многу интелигентни, друштвени, активни и љубопитни кучиња. Тие имаат хипоалергени влакна без мирис кои не паѓаат.

Потребно е само секојдневно четкање со метална четка.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-5


Западношкотски териер
е енергично мало суштество полно со дух, сака внимание, интеракција и да биде во друштво на својот сопственик, но сака и многу игри и поголема активност.

Знае да биде и по малку арогантен и тврдоглав. Се труди да биде рамноправен со останатите кучиња од неговата раса, а со мачките воопшто не се сложува.

Доволно е еднаш неделно да се четка и редовно да се стриже.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-6


Басењ
е куче со среден раст кое сака да биде доминантно и манипулативено, а со тоа се препорачува само за искусни одгледувачи.

Не бара посебна нега и одржување. Сами се чистат, а крзното им нема никаков мирис.

Според тоа оваа раса се смета како идеална за луѓето кои се алергични.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-7


Кинеското куче
има две врсти, а попозната е ќелавата раса.

Главата, ушите, опашот и нозете им се покриени со влакна, а на телото имаат само мека и мазна кожа која задолжително треба да се премачкува со крема со заштитен фактор.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-8


Ласа Апсо
е весело и среќно кутре кое живее долго, приспособливо е и добро за чување во семејство со повеќе деца.

Многу е љубопитно и мирно во стресни ситуации. Самостојно е и тврдоглаво.

Има долго влакно кое не му паѓа постојано, но мора да се чешла за да не се заплетка.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-9


Шнауцер
е куче кое го има во три врсти, џуџести, средни и големи. Кучиња со големо срце, храбри, со безгранична љубов кон сопственикот.

Дружељубиви се и нежни, а немаат ни типичен кучешки мирис. Погодни се за дружење и со мали деца.

kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna-10

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg