5 начини на кои моето куче ме направи подобра личност

Започнувајќи од денот кога сме одлучиле да се грижиме за милениче ние несвесно се обврзуваме на грижа и љубов која треба постојано да му ја даваме.

Потребно е да го правиме тоа секој ден бидејќи можеби не забележуваме, но тоа знае да ни возврати на ист начин.

Искрено моето куче мене ме направи подобра личност, а сигурно и вашето милениче го прави истото без и вие да го забележите тоа.

5-nacini-na-koi-moeto-kuce-me-napravi-podobra-licnost-1.jpg

Ова се петте начини на кои моето милениче ми покажа неколку очигледни работи во животот на кои почнав да обрнувам повеќе внимание:

Убавината на искрената љубов

Вашето милениче ве сака неизмерно и без резерва. Тоа слепо ви верува бидејќи неговата душа не знае за зло, а вие сте единствениот сопственик кој го има, се грижи за него и го храни.

Моето милениче ме научи како да ја гледам убавината на искрената безрезервна љубов и како истата да ја споделувам не само со него, туку и со личностите околу мене, бидејќи таа е темел на една здрава и трајна врска.

Добрите манири

Се прашувате како едно милениче ќе ве научи на добри манири?

Кога за последен пат сте застанале на улица или во парк и да се поздравите со случајните минувачи покрај вас? Или пак едноставно да им возвратите на насмевката која ви ја испраќаат, без да се запрашате кој е нивниот мотив?

Најверојатно никогаш. Пуштете го вашето куче без синџир во паркот и набљудувајте го неговото однесување. Тоа ќе започне да си игра со сите околу него и да им го разубавува денот.

Што ви кажува тоа за добрите манири?

5-nacini-na-koi-moeto-kuce-me-napravi-podobra-licnost-2.jpg

Убавината на едноставните работи

Забележав дека моето куче се радува на половина час поминат во игра со мене, прегратка или пак галење по главата.

Тоа се радува на утрешната прошетка или на коската која ќе му ја дадам да ја грицка откако ќе се вратиме дома.

Исто е и со луѓето околу вас. Кој нема да се почувствува посебно доколку му посветите половина час од вашето драгоцено време, го прегрнете неочекувано или му подарите некоја ситница без причина?

Интуиција

Откако го имам моето милениче сè повеќе се потпирам врз мојата интуиција. Познато е дека кучињата се едни од најинтуитивните животни во светот.

Каде што ќе намирисаат коска, копаат сè додека истата не ја пронајдат и на крајот секако ја наоѓаат.

Тоа стана дел и од моето секојдневие. Доколку интуицијата ме наведе на некоја идеја за која не сум сигурна дека можам да ја остварам, се препуштам на неа и дозволувам истата да ме води по правилниот пат до реализирање.

Љубов секој ден!

Една од најважните работи на кои ме научи моето куче е љубовта која треба да ја даваме и примаме секојдневно, бидејќи таа е повеќе од потребна за нашата и среќата на сите околу нас.

Сакајте и дозволувајте да бидете сакани секој ден, само така ќе бидете среќни и исполнети.

Доколку не сте во состојба да ги разберете сите овие работи со кои моето куче ми помогна да станам подобра личност, веднаш набавете си милениче и почнете да учите од него за вистинските вредности во животот.

На крајот сигурно ќе бидете позитивно изненадени од резултатот.

5-nacini-na-koi-moeto-kuce-me-napravi-podobra-licnost-3

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg