20 лекции кои кучињата сакаат да им ги кажат на сопствениците

Иако се сметаат за најдобри пријатели на човекот, некои луѓе иако ги чуваат, сепак ги сметаат за обични кучиња кои ништо не разбираат. Всушност, токму таквите сопственици се оние кои не разбираат.

20-lekcii-koi-kucinjata-sakaat-da-im-gi-kazat-na-sopstvenicite-01

Можеби имаат свој јазик и начин на однесување, но со секој поглед тие сакаат да ви пренесат некаква порака. Колку и да зборувате различно, треба да ги разбирате со срцето. Тоа е карактеристика на вистинските пријатели.

Постојат најмалку 20 основни лекции кои секое куче би сакало да им ги пренесе на сопствениците:

1. Не ме игнорирај предолго. Јас живеам само 10-15 години, па секој миг без тебе ми е цела вечност!

2. Утеши ми кога сум исплашен. Секогаш подобро се чувствувам кога се поставуваш како мој заштитник. Запомни, ти ме чуваш мене, јас те чувам тебе – тоа е договорот!

3. Знам дека си зафатен и дека постојано трчаш, но нема да биде крајот на светот ако на работа еднаш задоцниш само затоа што наутро малку подолго сме се галеле.

4. Не ми се лути кога те задевам, јас сум само среќен и возбуден што те гледам.  Наместо да се муртиш, возврати ми.

5. Научи ме на нешто ново. И јас  сум среќен кога на твоето лице гледам задоволство за тоа што ќе направам нешто како што сакаш. Учењето е добра вежба за мене, исто како и трчањето низ паркот.

20-lekcii-koi-kucinjata-sakaat-da-im-gi-kazat-na-sopstvenicite-1.jpg

6. Не се фрустрирај ако понекогаш не те разбирам. Никогаш нема целосно да го совладам твојот комплициран јазик, иако се трудам. Веројатно до сега сфати дека нешто што најмногу сакам е да те задоволам тебе. Кога ќе те израдувам, награди ме и потврди ми дека сум направил нешто добро.

7. Ако си нервозен, или прегрни ме за да ти помогнам или одбегни ме. Но, немој да ми викаш за нешто што не сум виновен.

8. Однеси ме на нови места каде што ќе запознам дружељубиви луѓе и животни. Можеби ќе се исплашам на прв поглед, но знам дека секое ново суштество кое ќе го запознаам ќе ми донесе нешто ново, поинакво искуство во мојот живот. Со текот на времето ќе стекнам самодоверба и доверба во другите. Јас навистина сакам да стекнам нови пријатели.

9. Не ме отфрлај кога ќе дојде нов член во семејството. Еден ден ќе го сакам и штитам исто како што тоа го правам за тебе.

10. Не ме оставај надвор кога е премногу топло или премногу ладно. Моето крзно е дебело, но не е семоќно.

20-lekcii-koi-kucinjata-sakaat-da-im-gi-kazat-na-sopstvenicite-3

11. Не ги заборавајте малите работи кои ме прават здрав и среќен. Имај предвид дека моите шепи ме болат ако ноктите ми се премногу долги. Забите не смеам да ги мијам секој ден како тебе, но тоа не значи дека не треба да ми се измијат ниту еднаш, нели?

12. Верувај ми. Јас тебе ти верувам со цело срце.

13. Понекогаш знам и да згрешам. Никој не е совршен. Не ми се лути предолго. Одржи ми лекција, но немој да бидеш строг. Тоа никогаш не е забавно.

14. Запомни, ти имаш семејство, пријатели, колеги, роднини, познаници... а јас те имам само тебе.

15. Зборувај со мене. Не ги разбирам зборовите, но знам да проценам што кажува твојот тон и говорот на тело.

20-lekcii-koi-kucinjata-sakaat-da-im-gi-kazat-na-sopstvenicite-2

16. Биди љубезен. Не само кон мене, туку и кон оние кои ги сакаш, а и кон оние кои првпат ги гледаш. Особено биди љубезен кон оние кои немаат дом. Помогни им и нахрани ги баш како мене.

17. Те молам немој да ме удираш. Јас имам заби кои можат да ги скршат коските на твоите раце, но тоа не го злоупотребувам, бидејќи те сакам. Кога ќе направам нешто лошо, изброј до 5, вдиши длабоко, а дури потоа објасни ми каде сум погрешил.

18. Внимавај ако не се однесувам вообичаено. Ние, кучињата, сакаме да бидеме храбри и силни, па не кажуваме веднаш кога нешто не ни е добро. Ако наеднаш станам мрзлив, поспан, незаинтересиран, однеси ме на ветеринар. Таму не ми е срам да признам што ме боли.

19. Кога ќе остарам, сакај ме исто како што си ме сакал како малечок. Можеби и повеќе. Моето крзно не е меко, а јас сум досаден, бавен и тромав. Не сум мал, но мојата љубов никогаш не била поголема.

20. Биди со мене на најтешкото патување. Знам колку ти е тешко, но сепак испрати ме до самиот крај. Вечниот мрак не е толку страшен, кога си ти покрај мене. И никогаш немој тажно да изговараш дека животот е краток. Можеби мојот е, но твојот живот е доволно долг за ваквата љубов да ја повториш барем уште еднаш, со некое ново куче.

20-lekcii-koi-kucinjata-sakaat-da-im-gi-kazat-na-sopstvenicite-4

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg