Улични кучиња се појавиле на погребот на жената која ги хранела

Маргарита Суарез од Мексико целиот живот го поминала хранејќи ги животните на улица, особено кучињата. Каде и да одела носела торба со храна што ѝ останувала за по пат да им остави.

ulicni-kucinja-se-pojavil-na-pogrebot-na-zenata-koja-gi-hranela-01

Некои од нив дури ѝ станале и пријатели и миленичиња кои ги среќавала секој ден.

На денот кога починала, без никој да ги собира, почувствувале што се случило и сами дошле до местото каде нејзиното тело било кремирано. Легнале на подот за да ѝ оддадат почит и благодарност за сето она што го правела за нив во текот на целиот живот.

Ваквата неверојатна глетка ги изненадила и членовите на семејството кои не знаеле како да постапат.

Но, со оглед на тоа колку биле мирни и пристојни ги оставиле да бидат со нив и заедно да ја споделат тагата за големата загуба и да ја поздрават за последен пат.

ulicni-kucinja-se-pojavil-na-pogrebot-na-zenata-koja-gi-hranela-4.jpg

ulicni-kucinja-se-pojavil-na-pogrebot-na-zenata-koja-gi-hranela-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg