Кучињата никогаш не умираат, тие само спијат во вашето срце...

Губењето на миленикот е страшно и болно искуство. Тој бил вашиот пријател, најмил и најверен, вашиот сопатник, ваш член од семејството. И просто не знаете што понатаму...

kucinjata-nikogas-ne-umiraat-tie-samo-spijat-vo-vaseto-srce-01.jpg

Утехата конечно ќе можете да ја пронајдете во оваа приказна. Во неа ќе се препознае секој, ама буквално секој кој некогаш сакал едно симпатично, добродушно суштество на 4 ноџиња.

Ова е една приказна на блогерот Ернест која ќе ја паметите цел живот:

„Го напишав ова пред неколку години како спомен за Бол, црно-белиот питбул кој секојдневно го шетав, сè додека еден ден не умре. Еден ден тој направи само 15 чекори и ме погледна со очите од кои му прочитав: Не можам понатаму. Зарем не мислиш дека моето време за шетање заврши?

Кучињата никогаш не умираат. Тие не знаат како. Тие едноставно стануваат многу стари и изморени и ужасно ги болат коските. Но, никогаш не умираат. Да умираат, тие никогаш не би сакале да одат на прошетка. Спротивно на тоа, секое куче сака да шета, дури и кога неговите стари и за’рѓани коски вриштат да не го прави тоа.

Не е ниту тоа дека престануваат да го сакаат вашето друштво. Тоа е она што нивниот свет го прави совршен. А во совршениот свет нема место за смрт.

Меѓутоа, кучињата стануваат поспани. Во тоа е работата. А тоа нема да ви го кажат на училиште. Знаат толку многу работи да напоменат, но никогаш нема да ви кажат дека кучињата не умираат. И тоа е срамота, навистина.

Ако мислите дека вашето куче умрело, се лажете. Тоа само заспало во вашето срце. И понатаму постојано лудо мафта со опашката и затоа градите ве болат и плачете постојано. Кој може да не заплаче кога во срцето му живее весело куче кое непрестајно го врти опашот?

Тоа постојано вели: Фала ти! Фала на ова топло место за вечно спиење!

kucinjata-nikogas-ne-umiraat-tie-samo-spijat-vo-vaseto-srce-02.jpg

Откако прв пат ќе заспијат, тие често се будат и нередовно спијат. Секако, затоа од време на време чувствувате болка до солзи.

По извесно време тие спијат сè подолго. Потоа ретко, но се случува, ќе се разбудат и повторно ќе се размрдаат со опашот. Тогаш повторно боли. Силно.

После неколку години тие спијат во долги, долги интервали и ве боли сè поретко.

Но, немојте да се лажете. Кучињата никогаш не се мртви. Тоа не постои. Запомнете, тие само спијат во вашето срце и се будат понекогаш, обично кога тоа не го очекувате. Такви се и затоа ги сакате.

Жал ми е за луѓето кои немаат кучиња кои им спијат во срцата. Толку многу пропуштаат...

А, сега извинете, морам да одам да се исплачам. Кучето во моето срце штотуку се разбуди...“

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg