Храна која не смеете да им ја давате на кучињата

Пред молежливите и тажни погледи е тешко да останеме доследни и строги, но понекогаш треба да се воздржите заради нивно здравје.

hrana-koja-ne-smeete-da-im-ja-davate-na-kucinjata-01.jpg

По препорака на сите ветеринари, ова се намирниците кои никогаш, ама баш никогаш не смеете да им ги дадете на кучињата:

Лук и кромид

Кромидот е посебно опасен за кучињата и не би требало да го консумираат во било каков облик - сиров, во прав или варен. Големата количина на овој зеленчук ги загрозува црвените крвни зрнца што може да доведе до анемија пропратена со повраќања, слаб апетит, забавеност и отежнато дишење. Пропил-сулфидот е состојката која е посебно опасна за здравјето на миленикот.


Житарици

Проблем може да направи пченицата, пченката и оризот. Пестицидите кои тешко се отстрануваат од свежите житарици исто така може да бидат штетни за здравјето на кучето. Наместо житарици, давајте му на миленикот повеќе зеленчук од кој ќе ги внесе доволните количини јаглехидрати и скроб.


Шеќер

Шеќерот во стандарден облик му е сосема непотребен на вашиот миленик. Преголемите количини на колачиња и шеќери може да доведат до стоматолошки проблеми, дебелина, па дури и дијабетес.

hrana-koja-ne-smeete-da-im-ja-davate-na-kucinjata-1.jpg

Грозје

Грозјето може да предизвика заболување на бубрезите, а за тоа доволни се само неколку зрна. Повраќањето е првиот знак за болест, а во текот на денот кучето може да стане летаргично и депресивно. Најдобра превенција е грозјето да го чувате далеку од видикот на вашиот миленик.


Чоколадо

Иако сите сопственици на кучиња знаат дека чоколадото е отров за кучињата, сепак често знаат да им дадат некое ќоше од коцката. Во тој момент ризикувате кучето да се соочи со иритација, нервоза, несоница, па дури и благ делириум.


Млеко и млечни производи

Мали количини на млечни производи нема да му штетат на вашето куче, но сепак треба да имате мерка. Честото консумирање на млеко, јогурт или сирење може да предизвика гасови, проблеми со варењето, па дури и дијареа.


Масни делови од месото и коски

Маснотијата извадена од парчето месо не е наменета ниту за луѓето, ниту за кучињата затоа што може да предизвика панкреатитис. Коските исто така не би требало да се темел на исхраната, туку само повремена награда.


Тесто со квасец

Редовното консумирање на тесто може да му создаде сериозни проблеми со варењето и болки во стомакот. При допир со содржината во стомакот, квасецот може да ферментира и да создаде алкохол кој е посебно штетен за организмот на кучето. Затоа избегнувајте го белиот леб, макароните, компирите...

hrana-koja-ne-smeete-da-im-ja-davate-na-kucinjata-2.jpg

Сол и зачини

Преголемото количество на сол предизвикува претерана жед, често мокрење и може да доведе до благи облици на труење со натриум, што понатаму доведува до оштетување на црниот дроб. Симптомите по кои ќе го препознаете се повраќање, депресија, зголемена температура.

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg