10 страшни животни и нивните живеалишта

Постојат милиони различни видови на животни. Сите тие имаат посебни способности и карактеристики кои им помагаат да преживеат во нивните живеалишта. Постојат многу животни за кои не знаеме многу.

10-strashni-zivotni-i-nivnite-zivealista-01.jpg

Во овој текст прочитајте кои се некои од најстрашните животни на планетата и каде живеат:


1.
Молец пудла

Нема многу информации за овој молец. Се верува дека е релативно нов вид на молци, а откриен е во 2009-та година од страна на д-р Артур Анкер. Тој го најде во регионот Гран Сабана во Венецуела.

10-strashni-zivotni-i-nivnite-zivealista-1.jpg


2.
Киклоп ајкула

Киклоп ајкулата е многу редок вид. Тие не се нормална појава, туку се работи за деформитет познат како „Cyclopia“, кој може да се случи и со другите животни. Оваа едноока ајкула е пронајдена во Мексико во стомакот на друга поголема ајкула.

10-strashni-zivotni-i-nivnite-zivealista-2.jpg


3.
Тигар риба Голијат

Тигар рибата Голијат пронајдена е во реката Конго и езерото Тангањика во Африка. Оваа риба има големи остри заби, а се храни со други риби. Но, се случиле и неколку инциденти во Конго каде што и луѓето биле нападнати од оваа риба.

10-strashni-zivotni-i-nivnite-zivealista-3.jpg


4.
Јастог-молец-гасеница

Самото име на ова животно го објаснува и неговиот изглед. Живее во целата Палеарктичка зона, која ги покрива Европа, Азија и Северна Африка.

10-strashni-zivotni-i-nivnite-zivealista-4.jpg


5.
Ктулу ларва

Што може да звучи поужасно од Ктулу ларва? Именуванa по измисленото божество „Cthulhu“ (од делата на писателот Х.П. Ловкрафт). Иако изгледаат како вонземјани, тие всушност се безопасни. Обично се наоѓаат 1.000 – 4.000 метри под нивото на океанот, а јадат кал, алги и други остатоци на дното на океанот. Можат да се најдат во речиси секој океан на земјата.

10-strashni-zivotni-i-nivnite-zivealista-05.jpg

Уште 5 животни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...
Сакаат деца, не можат да пливаат - Интересни факти за француските булдози Француските булдози се раса која никогаш не губи на популарност. На пример, веќе...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg