Последната голема прошетка на чоколадниот лабрадор

Запознајте ја 9-годишната Бела, чоколаден лабрадор која го живее секој ден како да е последен.

poslednata-golema-prosetka-na-cokoladniot-labrador-001.jpg

Во мај, 2015 година на Бела ѝ дијагностицирале прогресивна остеосаркома, тип на канцер кој веќе почнал да се шири низ нејзините нозе и бели дробови.

Соочен со две тешки одлуки – да ја ампутира предната нога на Бела или да ја успие засекогаш, нејзиниот сопственик Роберт Куглер донел неочекувана и радикална одлука – да отпатува заедно со неговото милениче на една последна голема прошетка.

„Чувствувам дека во моментов ова е мојата мисија... само да истражувам со моето куче“.

Во дневникот на големата авантура Бела и Роберт ги впишале Чикаго и североисточниот дел на САД, спуштајќи се до брегот на Флорида.

Роберт се надева дека приказната на Бела ќе го инспирира остатокот од светот.

„Не се обидуваме да ја однесеме во секоја држава. Го живееме секој ден не само како да ни е последен, туку воедно како да е првата можност да се излезе и да се види сè што ни нуди овој прекрасен свет“.

Тој ги охрабрува сите да го истражуваат светот, да го сакаат животот и покрај препреките, да се ужива во моментот и заедничкото друштво и никогаш да не се изгуби чувството за авантура. На тој начин, животот може да ви подари дури уште една бесценета година, како во случајот на Бела.

(O)Mилена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Како изгледа секојдневието кога имате мачка, низ илустрации Од утеха и топлина во осаменичките ноќи до делење на секој миг од секојдневието,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg