Зошто треба да му дозволите на кучето да спие со вас?


Зошто треба да му дозволите на кучето да спие со вас?

Со години наназад постои дилемата дали да му дозволите на кучето да ја дели постелата со вас или не. Најчесто оние кои се против ваквите навики се секогаш најгласни.

7-pricini-zosto-da-mu-dozvolite-na-kucheto-da-spie-so-vas-2.jpg

Сепак, овојпат ние ќе ги израдуваме вистинските љубители на кучињата со неколку факти.

Во продолжение прочитајте неколку интересни причини зошто да му дозволите на кучето да спие во истиот кревет со вас.

Кучето може да ве смири

Општо познато е дека кучињата помагаат да се справите со анксиозноста и депресијата. Доколку му дозволите на вашето куче да спие со вас, тоа само ќе ви помогне да си ги смирите нервите, после долгиот и напорен ден.

Ќе се чувствувате побезбедно

Постои причина поради која луѓето спиеле покрај своите кучиња уште од античко време. Вашата чивава сигурно не е некој одбранбен пес, но самото негово физичко присуство, може да ви помогне да се чувствувате посигурни.

Кучето може да ви помогне да спиете подобро

Според некои истражувања, ритмичното срцебиење на кучињата е најдобриот приспивен звук. Нивната смиреност, некако спонтано се пренесува и на вас.

Кучето ве сфаќа посериозно

Со самото тоа што му дозволувате на вашето куче да спие со вас, тоа стекнува навика да биде  полојално и попослушно.

Спиењето со куче е удобно

Да бидеме реални, овие домашни миленичиња се како живи плишани играчки. Па кој не би сакал да спие со својот флафи-пријател? Покрај удобноста која ви ја нуди, кучето може и да ве стопли во студените зимски ноќи.

Ги држи децата надвор од брачниот кревет

Доколку ви треба оправдување пред децата зошто да не спијат со вас, крзнениот пријател е одлична причина за тоа. Само кажете им на малите палавковци дека во креветот нема доволно простор, а тие сигурно нема да му замерат на својот најдобар другар.

Совршена можност за Инстаграм фотки

Мала шега... или можеби не!?

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека вашето куче навистина ве сака Веројатно сите се сеќавате на познатата лектира Доктор Офболи од Корнеј Чуковски...
Зошто кучињата се лижат себеси и ве лижат вас? Можеби им е здодевно, сакаат да ви покажат љубов или имаат некој медицински проб...
Зошто треба да го пуштите миленичето да спие во ист кревет со вас? И покрај многуте предупредувања дека не треба да спиете на ист кревет со вашето ...