Запознајте ја Пам Пам - белото минијатурно маче со различни очи


Запознајте ја Пам Пам - белото минијатурно маче со различни очи

Запознајте се со Пам Пам, малата мачка со магичен поглед. Но, внимавајте! Не се препорачува да ја гледате предолго во очи, постои „опасност“ да се заљубите во неа.

pem-pem-e-tuka-vnimavajte-da-ne-se-zaljubite-2.jpg

Причината поради која очињата на малата Пам Пам се во ваква состојба се нарекува хетерохромија иридис.

Поконкретно станува збор за абнормалности во ирисот кои предизвикуваат различна боја на очите. Сегменталната хетерохромија пак предизвикува појава на различни бои во истото око.

Ваквата состојба може да биде предизвикана при оплодување на крвни сродници, а исто така се пренесува и како генетско наследство. За некои раси, како турската ангорка, хетерохромијата е пожелна појава која одгледувачите се обидуваат да ја одржуваат како еден тип на традиција.

Наследената хетерохромија иридис е безопасна и таа може да се сретне како кај животните, така и кај луѓето.

Во продолжение погледнете ја зашеметувачката убавина на мачето Пам Пам:

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кучиња кои правилата на сопствениците ги почитуваат на свој начин Сите миленици до одредена мера се истренирани, но понекогаш се доволно паметни з...
Луху - мачето со најтажни очи во светот (фото) Мачките имаат прилично добар живот - спијат колку што сакаат, јадат бесплатно и ...
Зошто треба да му дозволите на кучето да спие со вас? Со години наназад постои дилемата дали да му дозволите на кучето да ја дели пос...