Приказни кои докажуваат колку се лојални кучињата

Тешко дека може да се сетите на некое друго животно кое им е полојално на луѓето од кучето.

prikazni-koi-dokazhuvaat-kolku-se-lojalni-kuchinjata-01.jpg 

Кучињата ги сакаат своите сопственици со цело срце и се подготвени да направат буквално сѐ за нив.

Тоа го докажуваат овие приказни кои нема да ве остават рамнодушни:

Пред неколку дена, отидов да купам цигари. На враќање кон дома, застанав и ја отворив кутијата. Едно куче веднаш ми пријде и седна доле, гледајќи во мене. Извадив една цигара и му понудив. Ја душкаше цигарата, ја зема во вилицата и му ја однесе на неговиот сопственик кој беше бездомник. Сега ги сакам и почитувам кучињата повеќе од претходно.

Имам навика да ги здиплам моите пижами и да ги ставам под перница кога го местам креветот. Додека беше малечка, моето куче Аби, беше многу тажнo кога не бев дома и често знаеше да скокне на креветот, да ја одвлечка мојата облека и да спие со неа во ходникот. Кога порасна, престана да го прави тоа. Потоа се преселив во друг град. Кучето им го оставив на родителите и иако секој викенд ги посетував, многу ѝ фалев на Аби. Претходната недела, моите родители ми се јавија да ми кажат дека кога се вратиле дома, ја нашле Аби како ги носи моите пижами (кои ги нашла под перницата и некако ја ставила главата во горниот дел). Не знаев дали да се смеам или да плачам кога ја замислив сцената.

Мафините му се најголемо задоволство на моето куче. Таа ќе направи сѐ за да добие еден, а откако ќе го добие, не го дава на никој. Пред неколку дена, се вратив доцна од работа и се чувствував преморено. Влегов дома, се довлечкав до каучот и почнав да плачам. Одеднаш моето куче дотрча и почна да ме лиже по рацете и да ме допира по лицето со нејзиниот нос. Продолжив да плачам. Потоа ме остави неколку минути и се врати носејќи мафин во устата. Го остави пред мене и седна покрај каучот, чекајќи да се смирам.

Пред неколку години, ја изгубив ногата во несреќа. Сега, мојата најголема поддршка е моето куче, лабрадорот Принцес. Кога и да одиме на прошетка, таа намерно свиткува една од четирите шепи (менувајќи ги одвреме-навреме), и потскокнува на три нозе. Очигледно, тоа го прави за да покаже сочувство.

Јас имам мала продавница и еден од моите редовни купувачи е пудлицата Алберт. Тој припаѓа на една стара госпоѓа, која има проблеми со одењето. Секој ден, кучето доаѓа, застанува во ред и чека, носејќи мало пакетче во устата. Пакетот се состои од пари, листа за купување и торба. Сѐ што треба да направам е да ги земам парите, да ја наполнам торбата со работите од листата и да му ја вратам на кучето. Секојпат кога го правам тоа очекувам Алберт да почне да почне да го брои кусурот со шепите!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg