Безусловно сакаат, терапевтски делуваат: Зошто ги обожаваме кучињата?

Го подобруваат вашето здравје, ве сакаат безусловно и најдобри пријатели ви се без разлика на сè...

bezuslovno-sakaat-terapevtski-deluvaat-zoshto-gi-obozavame-kuchinjata-01.jpg

Вашето куче е најевтиниот психијатар и не наоѓа замерки ако кулинарските способности не ви се на завидно ниво. Секогаш знае да ве ислуша, расположи и вкусно му е речиси сè што ќе му дадете.

Постојат низа книги и филмови што говорат за убавината да се има куче.

Но, ако сè уште не сте убедени, прочитајте ги овие придобивки:

Лојални се

Кучињата се толку лојални што имало ситуации кога се фрлале во гробовите каде што се телата на нивните мртви сопственици или пак стоеле покрај гробот со часови и се изгладнувале од тага.

Пријатели се

Партнерот може да ве напушти, колешките да ви го свртат грбот, а другарките да ве изневерат, но кучето засекогаш ќе остане ваш предан пријател.

bezuslovno-sakaat-terapevtski-deluvaat-zoshto-gi-obozavame-kuchinjata-02.jpg

Терапевтски делуваат

 Кога минувате низ огромни неволји само седењето во тишина со вашето куче може да ви симне одреден товар од рамениците.

Докажано е дека милениците го намалуваат стресот, болката и депресијата на нивните сопственици.

Добри се за вашето здравје

Луѓето кои чуваат кучиња просечно живеат подолго од другите.

Ова е медицински факт кој се должи на тоа што друштвото од пријателот на 4 нозе го намалува крвниот притисок, а со тоа ја редуцира можност за срцев удар. Исто така, прошетките со кучето носат низа други придобивки.

bezuslovno-sakaat-terapevtski-deluvaat-zoshto-gi-obozavame-kuchinjata-03.jpg

Безусловно ве сакаат

 Цитатот „Кучето е единственото живо суштество на земјата што ве сака вас повеќе од што се сака себеси“ кажува сè.

Научниците со испитувања на мозокот на кучињата докажаа дека тие вистински се среќни кога ќе ве видат.

Ве штитат

Ретко што може да мине незабележано од изострениот мирис на кучето. Тоа би се жртвувало себеси за да ве спаси вас во случај на опасност.

Ве прифаќаат без разлика какви и да сте

Тие не прават проценки дали сте доволно добри, дали ‘рчите или дали имате пари, тие комплетно ве прифаќаат такви какви што сте.

bezuslovno-sakaat-terapevtski-deluvaat-zoshto-gi-obozavame-kuchinjata-04.jpg

Ви простуваат

Вашето куче ви ја простува вашата ароганција и себичност на моменти. Тие ви простуваат за сè, дури и пред вие да си простите самите на себе.

Ве прават среќни

Најголемото задоволство е што ако направите глупост пред вашето куче, тоа не само што нема да ве осуди, туку ќе направи уште поголема глупост и ќе ве насмее. Зарем не е тоа вистинска среќа?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg