Дали домашните миленичиња го подобруваат менталното здравје?

Вашите омилени крзнени пријателчиња носат прилично многу позитивни придобивки поврзани со менталното здравје, открива британското научно истражување спроведено од страна на универзитетите во Ливерпул, Манчестер и Саутемптон.

Dali-domasnite-milenicinja-go-podobruvaat-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Многу повеќе се препознава терапевтската функција што може да ја имаат миленичињата во однос на менталното здравје.

Меѓутоа, нема систематски преглед на доказите поврзани со сеопфатната улога на придружните животни (тренираните кучиња за инвалидизирани и слепи лица) или како миленичињата може да придонесат кон управувањето со здравствената ментална состојба на долгорочен план.

Истражувачкиот тим систематски ревидирал вкупно 17 меѓународни истражувачки трудови со цел да ги идентификува позитивните, негативните и неутралните влијанија на чувањето миленичиња.

Негативните аспекти на сопственоста на миленичиња биле исто така нагласени, вклучувајќи го и практичното и емоционалното оптоварување од чувањето миленичиња, како и психолошкото влијание кога сопственикот го губи миленичето.

Сепак, на крајот, не се потребни специјални научни истражувања за да сфатите дали вашето милениче влијае врз подобрувањето на вашето ментално здравје.

Сопственикот најдобро го чувствува тоа сам, нели?

Dali-domasnite-milenicinja-go-podobruvaat-mentalnoto-zdravje-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
5 најчести заблуди поврзани со мачките Сакаат да пијат млеко и секогаш се дочекуваат на нозе? Не баш. Кои се најчестите...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Сакаат деца, не можат да пливаат - Интересни факти за француските булдози Француските булдози се раса која никогаш не губи на популарност. На пример, веќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg