|
2012
Љубов: Поради Јупитер во вашата природна петта куќа на љубовта и децата, на многу Јарци првата половина од годината ќе им донесе исклучителни љубовни можности, убави дружења, богат социјален живот, можно заљубување, а некому и деца. Ако сте сè уште сами, излегувајте, движете се помеѓу луѓе. Во текот на летните месеци љубов би можела да заискри на работа или преку работа. Оние во врска ќе уживаат во работата и ќе му бидат верни на партнерот. Од есен настапува едно олеснување, затоа што од 6 октомври Сатурн излегува од Вага. Ќе се почувствувате ослободени од некои претходни притисоци, па и самите потполно и полесно ќе и се предавате на љубовта. Поради тоа и вашиот приватен живот ќе добие на квалитет. Поволни љубовни денови се оние помеѓу 6 март и 4 април, повторно од 4 до 29 октомври. Тоа воедно се и денови кога другите со задоволство ќе ве прифаќаат.
Работа: Вашето влијание на луѓето со кои што работите ќе биде позитивно, а деловните можности ќе бидат големи. Планетите ќе го поддржат секој ваш потфат, па без поголеми проблеми ќе можете да ги остварите своите цели. Ќе бидете многу посилни од препреките. На повидок се достигнувања во работата со млади, забавни, спортски, уметнички работи, но и во многу други во кои ќе ја покажете својата креативна црта. Од летото само ќе продолжите со развивањето на работата, а од тогаш секоја работа е одлично поставена. На работното место навистина ќе уживате, а ќе имате поддршка и од колегите. Конечно од есен ќе ги снема проблемите кои и онака сте ги совладале, па ќе имате отворен пат за напредување. Помалите стресови лесно ќе ги победите. Ова за вас би требало да биде година на деловна експанзија.
Здравје и совет: Земјениот лотос во текот на првата половина од годината ќе ви даде одличен поттик, а вашиот организам би можел да процвета. Ќе имате сила за сè. Некои Јарци ќе се впуштат во вистинска спортска авантура во првата половина од годината затоа што Јупитер се наоѓа во природното петто поле и ви ги отвора рекреациските патишта. Во продолжение на годината ќе се грижите за своето здравје (кога Јупитер ќе помине во шестото поле на здравјето), а тоа ќе ви се враќа на најдобар можен начин. Уште кога Сатурн ќе излезе од Вага на 6 октомври ќе зајакнете до таа мерка што ќе мислите дека можете да поместувате планини. Ќе бидете пример за многумина околу вас.
|