Како да почнете да трчате без да се откажете?

Ако сте дел од оние луѓе кои едноставно не можат да се мотивираат да започнат со трчање, а сепак сакате да најдете начин како да ги преживеете првите неколку тешки чекори, постои начин како можете да го направите тоа.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-01.jpg

За да започнете да трчате и да не престанете најдобро е:

1. За почеток да си поставите реални очекувања околу тоа како ќе изгледа трчањето

Трчањето е вештина која бара од вас да започнете со бавни движење, не само за повреди, туку и за одржување на мотивацијата.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-1.gif


2. Инвестирајте во квалитетни патики за трчање

За трчање најважно е да имате квалитетни патики за трчање, па не би требало да штедите на пари.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-3.jpg


3. Ако сте почетник, најдобро е да започнете со брзо одење

Најдобро е 1 минута да пешачите, па 1 минута да џогирате и оваа постапка да ја повторувате од 10 до 15 пати во првата недела од трчањето.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-4.gif


4. Но, ако веќе имате искуство, можете да оберете некој поголем предизвик

Ако веќе имате некакво искуство со кардио вежби, тогаш можете да одберете бавно трчање од 20 до 30 минути при првата недела.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-5.gif

5. Контрола, удобност, разговор

Важно е додека трчате да се чувствувате удобно , да го контролирате нивото на замор и да бидете способни да разговарате додека го правите тоа. Експертите велат дека, ако не можете да зборувате додека трчате, тоа е добар знак да забавите.


6. Не се истегнувајте пред трчање

Статичкото истегнување го зголемува ризикот од повреди.


7. Но, тоа не значи дека не треба да се загреете

Најдобро е пред да почнете со трчање 5 минути да го истегнете телото во движење.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-7


8. Трчајте 2 до 3 пати во неделата

Најдобро е да трчате 2 до 3 пати неделно, ниту помалку, ниту повеќе.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-8.jpg


9. Останатите денови одморајте се

Останатите денови не ги поминувајте во некакви напорни физички вежби, туку одморете ги мускулите.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-9.jpg

10. Одберете еден ден од неделата кога ќе трчате подолго од вообичаеното

Ако нагло започнете од ден на ден да ги зголемувате километрите при трчање, многу бргу ќе се откажете. Најдобро е да одберете еден ден од неделата кога ќе трчате малку повеќе од другите и токму во тој ден, од недела во недела ќе трчате уште по 500m повеќе.


11. Мешајте со фитнес

Не се потпирајте само на трчањето, туку по него најдобро е и да практикувате некакви фитнес вежби по желба. Доволни ви се само 10 до 15 минути.


12. Брзина

Не започнувајте со брзо трчање, туку трчајте бавно, а по извесен период додадете и брзина во трчањето. Најдобро е тоа да го правите кога ќе се чувствувате физички подготвени. При тоа практикувајте го правилото „ Контрола, удобност, разговор “.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-11.jpg

13. Не се фокусирајте на брзината и километрите

Фокусирајте се на конзистентноста.


14. Потенцијалот за губење на калории се менува

Ако трчате за да ја намалите тежината имајте на ум дека на почетокот ќе губите повеќе, но како што ќе се навикнувате на оваа активност, така и бројот на калории кои ги согорувате ќе се намалува.

kako-da-pocnete-da-trcate-i-da-ne-se-otkazete-12.jpg

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg