Вежба за издржливост: 5 причини зошто да ја правите секојдневно

Вежбата за издржливост е онаа која никогаш нема да ја изгуби својата популарност, а за тоа постои добра причина - ниту една друга вежба не ги активира сите мускули на телото како оваа.

vezba-za-izdrzlivost-5-pricini-zosto-da-ja-pravite-sekojdnevno-01.jpg

Токму затоа, сите тренери препорачуваат да ја практикувате секојдневно.

Што може да очекувате ако вежбата за издржливост ви стане навика?

1. Подобра дефиниција на мускулите

Вежбата за издржливост влијае на мускулите на стомакот, грбот, задникот, колковите... Најпрво има моќ да ви го израмни стомакот, а со редовно практикување за кратко време може да добиете фигура на песочен часовник.


2. Намален ризик од повреди

Во оваа вежба речиси нема никакви шанси за повреда, затоа што ги зацврстуваат деловите кои најмногу треба, без преголем напор. Благодарение на вежбата за издржливост ќе го намалите ризикот од повреди во колковите и долниот дел од грбот, кои се најактивни кога одите.


3. Можете да ја правите било каде

Оваа вежба може да ја правите дома, кога сте некаде на пат или едноставно кога немате време за тренинг. Не ви е потребна опрема, ниту посебен простор. Ова е одличен тренинг кој ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ги согори калориите.


4. Подобро држење на телото

Цврстиот и истрениран горен дел од телото е неопходен за правилно држење. Плус, ќе изгледате многу повисоко ако имате добра основа.


5. Ќе си ја подобрите рамнотежата

Координацијата на движењата е уште една важна работа која ќе ја добиете.


Откако ве убедивме, еве како може да ја изведете:

Класична вежба за издржливост - Стегнете го целото тело во позата како на сликата и задржете се минимум 30 секунди. Секојдневно зголемувајте го времето.

vezba-za-izdrzlivost-5-pricini-zosto-da-ja-pravite-sekojdnevno-02.jpg


Странична вежба за издржливост
- Постапката е идентична како кај класичната.

vezba-za-izdrzlivost-5-pricini-zosto-da-ja-pravite-sekojdnevno-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg