Злобните коментари ја натерале да се трансформира - Имала 120 килограми, сега е бодибилдер

Една мајка која имала прекумерна тежина, решила целосно да си го промени животот и да престане да консумира 5.000 калории дневно. Денес е бодибилдер.

jadela-5000-kalorii-dnevno-a-sega-e-bodibilder-01.jpg

29-годишната Наталија Тексеира од Бразил објавила видео од својот „масивен“ стомак на интернет и побарала луѓето да коментираат на нејзината дебелина. Тексеира вели дека оваа невообичаена техника ѝ помогнала да дотогашните 120 килограми да ги намали до 69 килограми.

jadela-5000-kalorii-dnevno-a-sega-e-bodibilder-1.jpg

„Поголемиот дел од моето детство без активна и без под нормалната тежина. На 18 години се венчав за мојот сопруг Гилсон кој не е активен тип, преферира да седи дома заедно со своето семејство“ - така ја започнува својата приказна Тексеира.

jadela-5000-kalorii-dnevno-a-sega-e-bodibilder-2.jpg

„Се венчавме, а јас започнав да работам во канцеларија. Мојот активен живот исчезна, цел ден сè што правев е седење и јадење. Моето тело не реагираше добро овој начин на живеење. За само една година нагло се здебелив“ - додава.

Станала вистински зависник од чоколадото, а дневно консумирала над 5.000 калории. Јадела големи количини на нездрава храна и воопшто не се грижела за својот изглед.

„Денес и покрај тоа што имам само 12% масти во моето тело, останаа стриите, но тоа не ми пречи - стриите се дел од мојата приказна“ - вели Тексеира.

Како решила да ослабе?

„Една ноќ се разбудив длабоко во ноќта и се почувствував навистина дебело. Масни наслаги паѓаа од двете страни на моето тело, па решив дека време е да се променам“ - објаснува.

По некое време сфатила дека може целата да биде во мускули, па и да се пријави на бодибилдинг натпревар.

„Мојот сопруг и децата сега се горди на мене“ - заклучува таа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...
4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg