7 начини како да се мотивирате за да почнете со вежбање

Сите сме ги имале оние денови кога се убедуваме дека ќе водиме здрав живот и ќе вежбаме, но како што поминува денот, сфаќаме дека тоа се само празни ветувања.

motivirajte-se-7-soveti-koi-kje-ve-nateraat-uste-istava-sekunda-da-vezbate-001.jpg

Потоа, се обесхрабруваме и сѐ помалку имаме желба за вежбање. А, свесни сме дека треба и дека е убаво да вежбаме. Но, исто така, соочени сме со фактот дека тешко е да пронајдеме мотивација.

Затоа, eве неколку совети кои ќе ви помогнат да се мотивирате:

1. Направете музичка плејлиста

Музиката е една од најмотивирачките нешта кога зборуваме за вежбање. Таа има моќ да ве наполни со енергија и да ве натера да издржите што е можно подолго.

Задолжително направете плејлиста која ќе ви даде енергија, која е брза и која ќе ве тера да се движите. Никој не сака да вежба со тажна музика.

Сфатете го ова вака – додека вежбате имате одредено време да слушате одлична музика која ја сакате и притоа се грижите за вашето здравје. 

2. Наградете се со нешто здраво

Многу луѓе се наградуваат после вежбање. Но, тоа не треба да го правите. Зошто да го уништите здравиот напредок со нешто што не е здраво? Наместо тоа, пронајдете нешто што е здраво, а што обожувате да го јадете. А, сигурни сме дека постои нешто такво и тоа е тоа што треба да го јадете после напорен тренинг. Убав избор е смутито. Без разлика дали ќе го купите или ќе си го направите, тоа е слатко и вкусно, а и знаете дека е здраво.

Исто така, никако не заборавајте да јадете после вежбање. Но, тоа мора да биде нешто здраво и високо енергетско. Нека биде нешто што ви се допаѓа – за да уживате додека го консумирате.

3. Сетете се на позитивните ефекти

Пред и додека вежбате, сетете се дека тоа е добро за вас и дека ќе ве направи поздрави. Дури може тоа да го користите како мантра. Ако си го кажувате ова, сигурни сме дека ќе останете мотивирани.

Кога знаете дека нешто е добро за вас, тогаш мали се шансите дека ќе престанете да го правите. По некое време, вежбањето ќе ви го подобри здравјето и ќе ви даде тело какво што сакате да имате.

4. Изберете тип на вежби кои ви се допаѓаат

Пробајте да одите на места каде се вежба групно. Така ќе се мотивирате, бидејќи ќе плаќате за тоа и плус ќе гледате други луѓе кои го прават истото што и вие – а тоа може да ви даде самодоверба. Исто така, ако ви се допаѓа групата, сигурно ќе останете мотивирани и редовно ќе продолжите да одите.

Постојат толку многу различни видови на вежбање. Ако не ви се допаѓаат групните вежби или вежбалните, тогаш пронајдете видеа за вежбање, одете на пешачење во природа, пливајте или играјте на музика. Постојат безброј опции и ако сакате, сигурно ќе ја пронајдете онаа која најмногу ви одговара.

5. Најдете партнер за вежбање

Партнерот за вежбање е добра идеја бидејќи ќе ви биде жал да му откажете затоа што не ви се вежба. Додека вежбате, исто така можете меѓусебно да се мотивирате, нема да ви биде здодевно – особено ако тоа е некој ваш добар пријател или член на семејството.

6. Не си создавајте притисок

При вежбање, многу луѓе почнуваат со силна жестина која потоа веднаш исчезнува. Тие се убедуваат дека мора да одат во вежбална, да вежбаат 2 часа и тоа да биде интензивно, па затоа брзо се уморуваат и губат мотивација.

Ако не сакате да бидете вакви, тогаш имајте мера во вежбањето. Макар и тоа да значи да вежбате по 30 минути 3 пати неделно – и тоа е почеток. Ако вежбате умерено, тогаш нема да го мразите вежбањето. Времето кое го поминувате во вежбање треба да биде само еден мал сегмент од вашиот ден.

7. Подновете се со облека за вежбање

Без разлика дали е спортски градник, патики, хеланки или било што друго, многу луѓе пронаоѓаат мотивација во купувањето облека за вежбање која прави да изгледаат убаво и да се чувствуваат убаво.

Ако тоа е нешто што ќе ве натера да посакате да одите во сала или да одите надвор, тогаш направете го. Ова можеби звучи материјалистички, но навистина облеката има моќ да ве натера да вежбате. Исто како што новиот секси фустан што го облекувате за да го покажете и да се наполните со самодоверба, така и облеката за вежбање го има истиот ефект, со единствена разлика што вежбајќи вие ќе бидете поздрави.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg