7 причини поради кои не губите килограми

Макотрпно работите на намалување на тежината со обликување на своето тело. Го променивте начинот на исхрана, се запишавте на фитнес или друга физичка активност, а фрижидерот е полн со здрава храна и намирници.

7-pricini-poradi-koi-ne-gubite-kilogrami-001.jpg

И покрај сиот труд, стрелката на вагата не се помрднува, а вам ве преплавува бес и безнадежност и сè што сакате е да си каснете дебело парче торта.

Многу веројатно е дека сепак правите нешто погрешно, поради кое килограмите стагнираат, а ова се седумте најчести причини поради кои не губите телесна тежина:

„Најслатко ми е да јадам додека сум пред телевизорот или компјутерот“

Во текот на оброкот вниманието треба да биде насочено исклучиво кон храната. На тој начин, мозокот навреме ќе добие информација кога стомакот е полн, а вие сити.

Кога ја гледате омилената серија, вниманието е поделено и многу веројатно е дека ќе завршите гладни или многу прејадени.

За да ги избегнете овие две ситуации, трпезариската маса е најдобриот избор за консумирање на оброците. Воедно, истражувањата покажуваат дека храната послужена во сини чинии влијае врз намалување на апетитот. Џвакајте полека и свесно. Чувствувајте го секој залак.

„Каснав само половина мекица/3 колачиња/малку чипс“

Не губете го фокусот поради малите искушенија и препреки на патот. Точно, животот не престанува додека работите на намалување на килажата, се случуваат честења на работа, родендени и мекици, а и чоколадите на децата се прилично големо искушение, зарем не?

Но, сите овие грицки и дополнителни мини-оброци и залачиња може да ве чинат дополнителни 300 калории дневно. А, тоа е навистина многу. Просто заборавете на реченицата дека „Од едно залаче нема да ми биде ништо“. Секако дека ќе ви биде. Ќе ви ја поремети рутината, а воедно има неверојатни влијание врз психолошкиот аспект на слабеењето.

„Викендот ми е слободна зона“

Многумина ја прават оваа типична грешка. Од понеделникот до петок се однесуваат беспрекорно, а викендите започнуваат со лакомо и ненаситно јадење. Организмот штотуку започна да се привикнува на промените, а целиот труд пропаѓа во вода за само 48 часа.

Слободните викенди како водат кон прејадување и пореметување на процесот на слабеење, но со себе влечат и бројни здравствени негативни последици. Врзете си го во главата фактот дека здравиот начин на живот нема слободни денови.

„Не ми се потребни 8 часа сон за да функционирам“

Точно, некои денови обврските се толку натрупани, што можеме да ја протуркаме ноќта и со 4-5 часа сон. Но, недоволниот сон се оздразува негативно врз слабеењето. Води до глад, а гладот до неконтролирана потреба за внесување повеќе храна.

Задолжително спијте 7-9 часа во денот, потребата за храна и непотребни грицки ќе биде намалена, а телото доволно одморено и подготвено за вежбање.

„Каснав половина парче пица, денот за диета е бескорисен“

Луѓе сме, грешки правиме, тоа е сосема нормално. Некои денови едноставно не можете да ја избегнете храната во одредени ситуации, а некогаш и душичката ви бара ситно гурманско задоволство. Но, половината парче пица продолжува со помфрит. Па малку чоколадо. Па една чаша Coca-Cola. Во себе си велите – И онака ја прекршив диетата, па што? Дај барем да се најадам како човек. Звучи познато, зарем не?

Едноставно запрете кај тоа парче пица. И избришете го од умот, намалувајќи ја грижата на совест на најниско можно ниво. Извежбајте дополнителни 20 минути за догорување повеќе калории, а утредента е ден за уште еден нов почеток.

„Само 3 килограми за еден месец, разочарана сум“

Признајте, дали сте малку нереални и имате високи очекувања, како и сте ние кога сакаме за брзо време брзи резултати? Да се соочиме со вистината, не постои таква магична диета со губење 10 килограми за 20 дена. Ако беше така, сите ќе бевме вити и зборот диета ќе беше непознат поим во речникот.

Имајте ги предвид вашите години (повозрасните луѓе килограмите ги губат побавно), полот (мажите побрзо слабеат од жените), почетните килограми, брзината на метаболизмот, како и внесот на калории и физичката активност (2, 3 или 5 пати неделно).

Сите овие фактори влијаат врз брзината на намалување на тежината. Ниту една минусна бројка не е за потценување, туку факт за охрабрување и силен поттик за неоткажување.

„Јадам само диетални продукти“

Најголемата стапица кај производите кои изоболуваат на рафтовите е етикетата „Sugar free“. Само затоа што нема шеќер или бројот на калории е низок, не значи дека продуктот е здрав или хранлив.

„Диеталните“ производи вријат од адитиви, вештачки засладувачи, натриум и транс-масти кои влијаат погубно врз губењето килограми.

Поради тоа што немаат никаква хранлива вредност не заситуваат долг временски период, ве огладнуваат брзо, создавајќи зависност и барајќи уште и уште храна.

Затоа, свртете се кон најдобрите другарчиња: овошјето, зеленчукот и протеините, и подгответе се за најдобрата трансформација на вашиот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg