Дали вежбањето еднаш неделно навистина има ефект?

Новиот бран кој го освои светот на фитнесот си доби име Weekend warriors“ или во превод „Викенд воини“. Овој концепт на вежбање не е револуционерен, меѓутоа конечно дојде време за истражување на неговите придобивки.

dali-vezbanjeto-ednas-nedelno-navistina-ima-efekt-1.jpg

Реалноста е дека животот е толку хаотичен со работата, обврските и семејството, што ретко стигнувате да вежбање 3-4 пати неделно, иако веќе имате уплатено за термините.

Но, без очајување, сè уште може да ја надоместите актовноста која сте ја пропуштиле за време на викендот, а доволни се максимум 2 тренинга.

150 минути тренинг кој вклучува умерено вежбање или пак 75 минути енергичен тренинг е доволен да се намали ризикот од предвремена смртност, наспрема оние кои не вежбаат никогаш.

Во истражувањето кое вклучило над 63.000 испитаници (од кои 44% биле жени со просечна возраст од 58 години), резултатите покажале дека „Викенд воините“ имаат 30% помалку шанси за смртност, 40% помал ризик за срцеви заболувања и 18% понизок процент на канцерогени заболувања, споредено со физички неактивните испитаници.

Конечната пресуда – малку потење е подобро отколку никакво потење. Па доколку навистина немате време, но и волја за редовно вежбање, вклучете барем еден енергичен тренинг за време на викендот и телото ќе ви биде благодарно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg