3 прашања кои треба да си ги поставите пред да почнете со вежбање

Пред да почнете со дигање тегови, да се фрлите на кардио вежби или целосно да се опседнете со намалување на калории, мора да си поставите конкретни цели зошто го правите сето тоа.

kako-da-si-postavite-realni-fitnes-celi-koi-ve-motiviraat

Луѓето со нејасни, нереални и неинспиративни фитнес цели, секогаш брзо се откажуваат. Тие се појавуваат одвреме-навреме и како да месечарат низ вежбите, скитаат од справа на справа и после брзо време се откажуваат.

Секој ден се жалат колку е тешко да се хранат здраво и да изгубат барем малку телесна тежина. 

Секој кој има тип на тело кое вие го посакувате, има многу реални фитнес цели и е управуван целосно од нив. Напредува бавно, но сигурно кон нив секој ден. 

Луѓето имаат различни причини за вежбање, некои сакаат да го импресионират спротивниот пол, некои сакаат да добијат самодоверба, а други саакат да бидат здрави и да имаат енергија.

Реалноста е дека сите овие причини се добри за да почнете со вежбање, но важно е да го пронајдете она конкретното нешто што ќе ве тера да станете од кревет и да одите во теретана.

Како изгледа вашето идеално тело?

Првиот чекор кон создавање на вашите цели е да откриете како изгледа вашето идеално тело. Не замислувајте само во вашата глава, туку најдете фотографии од тоа како точно сакате да изгледате и зачувајте ги за во иднина.

Многу е важно да имате имате точна визуелна слика за тоа како сакате вашето тело да изгледа. Нафрлање зборови како слабо, тонирано тело, за да опишете како сакате да изгледате не делува ни приближно мотивирачки како гледање на вистинска слика од целта кон која се стремите.

Која би била вашата идеална здравствена состојба?

Сега кога откривте како сакате да изгледате, време е да најдете друга мотивација за вежбање - вашето здравје. Дури и ако вашата примарна мотивација е вашиот изглед, здравствените придобивки се исто толку мотивирачки.

Ќе се чувствувате подобро физички, ќе имате повеќе енергија, ќе бидете посилни и ментално витални. Посилните луѓе живеат подолго и помала е веројатноста да станат жртви на срцеви болести.

Пронајдете здравствена цел што е мотивирачка за вас. Потрудете се да живеете долго, да се чувствувате добро и способно и никогаш да не страдате од исцрпувачки болести.

Зошто сакате да ги постигнете овие цели?

Добро, сега кога знаете како сакате да изгледате и да се чувствувате, следното прашање е зошто? Кои се причините кои ве мотивираат да ги постигнете тие цели? Ова е сосема лично прашање, така што треба да запишете што е најмотивирачки за вас.

Можеби сакате да ја зголемите вашата самодоверба, можеби сакате повеќе да уживате во спортот, можеби сакате да примамувате повеќе погледи, или ви е доволно чувството да бидете во можност да учествувате во физички активности. Без оглед на тоа колку ви изгледаат смешно причините, запишете ги.

Со овие три прашања, ќе создадете моќна мотивациска листа. Кога ќе се чувствувате малку уморни и помислата да одите во теретана ќе ве ужаснува, можете само да погледнете што имате запишано на хартија и најверојатно ќе се промени вашето мислење.

Кога сте надвор со вашите пријатели и ги гледате како се прејадуваат со нездрави работи, а во вашата чинија има само зеленчук, ќе знаете точно зошто го правите тоа.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg