Колку често треба да се мерите на вага, кога сакате да ослабете?

Првобитно се веруваше дека честото мерење на телесната тежина само создава притисок, но најновите истражувања сугерираат дека тоа донесува резултати.

kolku-chesto-treba-da-se-merite-na-vaga-ako-sakate-da-oslabete-1.jpg

Доколку водите борба со вишокот килограми, тогаш вагата сигурно ви претставува најголем непријател. До неодамна, и експертите се сложуваа со ваквиот став, тврдејќи дека мерењето на тежината е повеќе товар, отколку корисна активност.

Сепак, резултатите од едногодишното истражување кое неодамна го објави магазинот „International Journal of Obesity“, говорат нешто сосема друго. Мислењето на учесниците во проектот е дека треба да заборавите на досегашните убедувања, а започнете со проверка на тежината уште веднаш.

kolku-chesto-treba-da-se-merite-na-vaga-ako-sakate-da-oslabete-2.jpg

Истакнуваат дека жените кои се мереле еднаш неделно, не успеале да ослабат. Не внимавале на исхраната и не биле добро информирани за својата тежина. Од друга страна, оние кои секојдневно ја проверувале својата тежина, успешно го контролирале внесот на калории.

Оттука, советот на лекарите е да се мерите секој ден или барем секој втор ден, како би биле свесни за своите килограми.

kolku-chesto-treba-da-se-merite-na-vaga-ako-sakate-da-oslabete-3.jpg

Доколку цврсто решите да се мерите секој ден, придржувајте се до следните три совети:

1. Мерете ја тежината секој ден во исто време

Важно е да имате на ум дека вашата телесна тежина се менува од час во час, а на неа влијаат низа фактори: храната која ја јадете, течностите што ги внесувате, физичката активност итн.

2. Запаметете дека вашата тежина не е само бројка на вагата

Индексот на телесна маса е тој кој треба да ви биде мерило за вашата идеална тежина.

3. Знајте дека постојат и други начини за контролирање на тежината

Доколку секое ново застанување на вагата ви причинува повеќе зло, отколку добро, тогаш дефинитивно можете да преминете на некои други начини за проверка, како на пример да користите метар со кој би го измериле обемот на струкот.

kolku-chesto-treba-da-se-merite-na-vaga-ako-sakate-da-oslabete-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg